Направи сам: Празнични подароци за најблиските

Обидете се овие празници да бидат поразлични, потопли, поевтини, а посреќни. Со само неколку идеи сочувајте си ги парите, а изнудете широка насмевка на лицето на најблиските. Не верувате дека е изводливо?

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-01.jpg

Овие 7 идеи за „направи сам“ подароци ќе ве уверат во спротивното:

1. Нацртани чаши

Обичните бели чаши или оние во светли, пастелни тонови секогаш можете да ги украсите со маркери за керамика или со силиконски бои. Неколку маркери ќе ве чинат исто колку и една испринтана чаша, а со нив ќе може да создадете многу повеќе - за партнерот/партнерката, семејството, пријателите...

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-02.jpg



2. Сет за изработка на колачиња

Зимата е идеален период за изработка на мафини и торти со чоколадо, карамела и шлаг, па зошто да не подарите еден креативен сет? Ставете прирачник со рецепти, шарени хартиени корпи, бои, слатки трошки, какао прав, чоколадо...

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-03.jpg



3. Сет за маникир во тегла

Ако сакате евтин, а корисен подарок за вашата мајка, сестра, пријателка или партнерка - ова е најдоброто решение. Ставете неколку шарени памукчиња, ацетон со убав мирис, турпии, крема за раце, лакови и неколку декорации за нокти. Верувајте дека ова е женски подарок со кој нема да погрешите!

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-04.jpg



4. Тегла со минијатурни колачиња

Испечете некои лесни бисквити, пуслици или чоколадни колачиња и ставете ги во проѕирна тегла. Замотајте со украсна лента, декорирајте со шишарка или светкав лампион и слаткиот подарок е готов.

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-05.jpg



5. Свеќници

Украсните мали теглички и чашки измијте ги и исушете ги. Премачкајте ги со лепак, обложете ги со светки и почекајте да се залепат. Ставете една малечка свеќа во средина и спакувајте.

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-06.jpg



6. Инстант топло чоколадо во лампион

Купете празни стаклени лампиони, добро измијте ги и наполнете ги со следниве состојки: инстант топло чоколадо, чоколадни трошки, шарени трошки и пенести бонбони. Подарете среќа која се раствора во топла шолја млеко.

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-07.jpg



7. Инстант коктел

Слична идеја како претходната, но овој пат за љубителите на алкохол. Најдете малечка кригла или тегла, ставете лименка сок, а за самата тегла врзете сламка и мало шише алкохол по желба. Не заборавајте да напишете порака како „Уживај!“ или „На здравје!“

napravi-sam-praznicni-podaroci-za-najbliskite-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg