Таа не слика со раце и четки, туку со голи гради

Денес, сè почесто се појавуваат уметници кои користат најразлични техники на сликање. Додека некои се држат до традиционалната уметност, други сакаат повеќе да експериментираат.

taa-ne-slika-nitu-so-race-nitu-so-cetki-tuku-so-svoite-goli-gradi-01

Американката Kira Ayn Varszeg наместо употреба на раце и четки, одлучила да користи само боја и своите голи гради.

Некогаш ја нанесува бојата на нив, некогаш на платното и со одреден правец на движење и допирање од различни страни и агли, ја добива посакуваната композиција.

Слика апстрактни теми, но сите изгледаат одлично смислени, со одбрани бои, форми и линии.

Таа црта и стандардни слики со вообичаена техника, но секогаш е во потрага по нешто ново, возбудливо и поинакво, кое ќе ја издвои од останатите.

Нејзините слики се дел од ѕидовите во многу домови и бизнис компании.

Би можело да ве интересира:

2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...

Најчитани неделава