Како ретро комбето стана уметност во движење (фото)

За ново отворените продавници во Париз, познатата куќа Pull&Bear, најмила четири познати уметници, да ја ослободат сопствената креативност и да ги насликаат темите на Pull&Bear на култното фолксваген комбе Т1.

galerija-klasicniot-volkkswagen-vo-boite-na-pull-bear-01

Во 1950тата година, германскиот автомобилски произведувач фолксваген, како продолжение на идеата и креацијата на добро познатата „буба“, се одлучува, да создаде автомобил кој неколку децении подоцна ќе стане култен автомобил на хипи движењето.

Познатата модна куќа Pull&Bear, специјализирана за дизајнирање на облека која ќе ги означува младиот дух и бунтовништвото, одлучува да ги поврзе своите идеали со оние на оваа автомобилска индустрија и да креира свој сопствен дизајн за добро познатиот автомобил Т1.

За таа цел, најмени се четри познати уметници со задача на првобитната бела површина, да креираат свој уникатен изглед во боите и идеалите на модната куќа.

Словенската дизајнерка Мартина Паукова, била задолжена да ја одрази својата креација на тема: Палм Спрингс. Така, на језиното комбе се гледа духот на младите кои уживаат на летното сонце.

Британскиот артисит Кајл Платс, кој работи за Vice и The New York Times, слика многубројни теми тргнувајќи од социјалниот критицизам, па се до приказ на шоу бизнисот.

Третиот артист бил задолжен да ја ослободи својата креативност преку приказот на јапонската култура, а четвртиот да направи комплетна комбинација од предходно наведените идеи.

Би можело да ве интересира:

Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава