Спој на убавото и корисното - Најубавата подземна станица во светот се наоѓа во Неапол

Кога корисното ќе се спои со убавото, добивате простор кој нуди уживање за сите сетила.

stazione-toledo.jpg

Меѓународното здружение за тунели ја додели наградата за „Иновативна употреба на подземни простории“ токму на подземната станица Толедо во Неапол.

Станицата претставува вистинско ремек-дело, како во поглед на градежништвото, така и во поглед на архитектонската идеја карактеризирана од игра на бои и светла кои ви даваат чувство како дека се наоѓате во некој сосема поинаков, паралелен свет.

Станицата е дело на шпанскиот архитект Оскар Тускетс Бланка, додека внатрешните мозаици се дело на Вилијам Кентриџ и Аурелиано Буколиери, надополнети со фотографиите на Оливиеро Тоскани.

Тука е и делот посветен на морето, каде преку еден прекрасен мозаик на Боб Вилсон, за момент ќе помислите дека се наоѓате под самата морска шир.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава