Создадете сами уникатна шолја за чај

Доколку сакате во ова ладно време да пиете чај од уникатна шолја за чај или пак да ги сместите вашите пенкала во канцеларија во ваша лична уникатна изработка, тогаш ви предлагаме да направите сопствена шолја за чај во разни бои.

sozdadete-sami-unikatna-solja-za-caj-01

Сè што ви треба е малку време, креативност и неколку базични работи за да го завршите вашиот проект.

За да ја создадете вашата уникатна креација ќе ви биде потребна бела, керамичка шолја за чај, лак за нокти во боја по ваш избор, чепкалки за заби, сад со топла вода и салфетки.

Најпрво ставете топла вода во пластичен сад и потоа во водата истурете го лакот за нокти.

Ако сакате еднобојна креација тогаш откако ќе го истурите лакот веднаш ставете го долниот дел на вашата ќерамичка шолја во таа смеса. Потрудете се после ставањето на лакот во водата, брзо да ја ставите шолјата за чај во смесата за да добиете прекрасен дизајн и да избегнете сушење на лакот.

Ако сте се одлучиле за дизајн со две или три бои, тогаш откако ќе го истурите лакот со една боја, истурете го и вториот лак со различна боја и со помош на чепкалка за заби промешајте за да направите дизајн по сопствена желба.

Откако ќе го направите сето тоа, пополека со салфетка потапкајте по деловите на чашата за да ги отстраните вишокот наслаги на лак од вашата шолја. Потоа оставете ја да се исуши два до три часа. Откако целиот процес ќе заврши запомнете да не ја ставате оваа чаша во микробранова и да ја миете рачно, сè со цел да не се оштети вашиот дизајн.

Овој процес одзема малку време, а може да биде совршен новогодишен подарок или едноставно ваша лична креација која ќе ви биде омилена овие студени денови.

За целиот процес на создавање на вакви уникатни шолји за чај погледнето го видеото:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава