Како изгледаат свадбените фотографии направени со iPhone 6s Plus?

Не постојат специјални трикови во фотографирањето. Ако ви ја дадат гитарата на Џими Хендрикс веројатно нема да знаете што да правите со неа. Така и со фотографирањето, не е сè околу скапата опрема.

kako-izgledaat-svadbenite-fotografii-napraveni-so-iphone-62-plus-01.jpg

Барем така вели фотографот Сефи Бергерсон кој решил да си даде себеси нов предизвик, фотографирање на индиска свадба само со неговиот iPhone 6s Plus.

Бергерсон започнал да фотографира свадби од љубопитност, а потоа добил договор да фотографира индиски свадби за книгата „Behind the Indian Veil“.

„Она што ме фасцинира кај индиските свадби е тоа што се секогаш различни. Не постои едно делче од свадбата кое можете да кажете дека е исто кај сите свадби - секоја има свои посебни ритуали“ - вели Израелецот кој пред 14 години се преселил во Гоа.

Да успее да фотографира свадба само со неговиот iPhone била негова долго неостварена желба, пред сè затоа што вистински предизвик е да се најде пар кој ќе се согласи на тоа. Бергерсон вели дека најголемиот проблем не е техничката супериорност на фотоапаратот, туку погрешното сфаќање дека фотографиите не се професионални ако не се направени со помош на скапа опрема.

Конечно, успеал да пронајде пар кој ќе се согласи да го фотографира само со неговиот iPhone.

niz-lekjata-na-iphone-6s-plus-celata-svadba-ja-fotografiral-samo-so-svojot-telefon-2.jpg

„Оваа свадба беше можеби една од најголемите свадби кои сум ги фотографирал - траеше цели 3 дена“ - вели Бергерсон.

Дебатата за тоа кои камери се подобри, оние на смарт телефоните или фотоапаратите, не е нова - смарт телефоните сè уште се борат за да докажат дека имаат квалитетни камери.

Можеби фотоапаратот не може целосно да се замени за смарт телефон, но вториот со сигурност претставува уште една опција, уште еден нов  медиум за фотографирање.

Погледнете ја неговата приказна:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...
Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...

Најчитани неделава