Стари книги со нова цел - трансформирани во чаши, бокали и чизми

Само вистинските љубители на читањето знаат што значат книгите и колкава вредност имаат тие и колку е тешко да се разделите од нив.

Stari-knigi-transformirani-vo-casi-i-interesni-predmeti-01

Шведската артистка Сесилија Леви пронашла нов начин со кој можете да им го продолжите животот на старите книги и стрипови. Наместо да ги фрла, таа се одлучила да ги трансформира во прекрасни хартиени уметнички дела.

Работејќи претходно како книговезец, токму нејзината поранешна работа ја инспирирала да ѝ пристапи на литературата на еден сосема поинаков, оригинален и креативен начин.

Можеби звучи непријатно за сите љубители на книгите и нивната вредност, но ретко кој може да остане рамнодушен на рачно изработените уметнички творби на Сесилија и секој ќе се согласи дека нејзините дела се всушност еден мил и убав тестамент за литературата.

Таа најпрвин започнала да експериментира со 3Д хартиени предмети во 2009-та година. Оттогаш има создадено голем број на најразлични чаши и чинии за кои секогаш бара стари, неупотребливи книги кои ќе продолжат да ги раскажуваат своите приказни во нови и уникатни форми.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...
9 декорации од TEMU со кои ќе си ја претворите терасата во бајковито катче Скаличка за редење саксии, декоративни украси за на ѕид, вештачка трева за на по...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...

Најчитани неделава