Први подготовки: 15 лесни и забавни начини како да почнете со славење на Велигден
Од храна и пијалаци, па сè до декорациите во домот, постојат многу забавни, а едноставни начини на кои можете да го прославите Велигден.

Веројатно ви се чини рано, но на никој нема да му пречи вашето подрането празнично расположение.
Полека почнете да го подготвувате домот. Прво добро исчистете го, направете една пролетна генералка, па потоа искористете идеи како да го украсите со светкави јајца, зајачиња...
Деновиве ако случајно ви се најават гости, пробајте да подготвите нешто во велигденски дух. Не секогаш мора да го служите стандардното мезе и да пиете вино.
Почнете полека, но сигурно...
1. Ставете неколку цветни гранки во убав стаклен сад, па потоа додадете светкави јајца од стиропор. Заменете го обичниот букет со ваков аранжман до крајот на месецот.

2. Исечете зајчиња од бел лист хартија, па направете им опавчиња од розова вуница.

3. Надувајте неколку шарени балони, па потоа со бела боја обојте ги за да изгледаат како јајца.

4. Направете сладок венец за на врата од гумени бонбони во облик на зајчиња или пилиња - изборот е ваш. Залепете ги на подлога од стиропор, закачете една машна и работата е завршена.

5. Стопете повеќе чоколади, а кога ќе бидат во течна форма ставете ги во тава и одозгора додадете им шарени бонбони и чоколадни зајчиња. Украсете со шарени трошки, замрзнете и ќе имате уникатен домашен десерт.

6. Направете салата по желба, обликувајте ја како елипса со мало врвче, нарендајте чедар кашкавал, ставете неколку гранки магдонос и имате декоративен морков за на трпезата.

7. Измешајте ги жолчките од варените јајца со малку павлака, мајонез и рендано цвекло, добро измешајте, па кремот ставете го во белките. На тој начин обичните варени јајца ќе делуваат многу повкусно.

Уште 8 идеи на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца
За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео)
Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео)
Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така...
Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси
Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...