Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наместо да го влечете багажот, измислено куферче на кое може да се возите (видео)

Сите знаеме колку е напорно чекањето на аеродром или железничка станица. А, влечкањето на багажот од едниот крај на дригот, или од перон на перон, воопшто не го олеснува процесот. Дури, тоа може да се претвори и во ноќен кошмар.

pristigna-prviot-pameten-kufer-koj-moze-da-go-vozite-video-01

Затоа е создаден “Modobag” – единствена и уникатна комбинација на куфер и скутер. Ова е првиот подвижен куфер кој дури може да го возите.

Куферот има мерки 22 cm x 35 cm x 56 cm што значи дека не мора да биде проверуван. Кога веќе ќе се спакувате само повлечете ги рачките и качете се на него.

Максималната брзина изнесува 12 километри на час и има опсег од 9 километри (за човек кој тежи 80 килограми). Modobag функционира благодарение на 150-ватниот електричен мотор.

Исто така, неговата батерија може да ги полни вашите уреди. Има 2 излези за USB, има паметни поставки кои работат со официјалната апликација на компанијата. Оваа апликација ви помага да го лоцирате куферот со помош на GPS. Исто така, може да наместите известувања за далечина во случај на заборавање на торбата или да сте премногу далеку од неа.

Патувањата отсега па натака ќе бидат многу полесни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 креативни дизајни создадени од нешто што ќе завршело во ѓубре (фото) „Си направив кауч и лампа од стара када“, „Најдов старо пијано со оштета од...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото) „Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои г...
Идеи за минималистички тетоважи за оние кои имаат нераскинлива врска со своето куче Ако љубовта кон вашето куче ви е посилна од сè, независно дали уште го чувате ил...
Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео) Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехр...
За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg