Како ќе изгледаат авионите во иднина?

Среќна информација за сите нас - дизајнерите на авионите се концентрираат на креирање на уште поудобни услови за патување за сите патници. Ова посебно важи за оние летови кои ќе траат подолго.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-01.jpg

Во авионите ќе имаме можност да уживаме во:

Личен систем за забава

Повеќето авионски компании започнаа да најавуваат дека во авионите патниците ќе имаат можност сами да уживаат во филм или музика, па дури и сопствените направи да можат да ги поврзат во LAN мрежа внатре во авионот.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-1.jpg

Самопослуга

Холандската компанија AirFi во своите авиони инсталира специјален безжичен систем преку кој имате можност да читате списанија, да одбирате филмови за гледање, да нарачате храна...

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-2.jpg

Виртуелна реалност наместо интернет

Повеќето патници ги користат Netflix или Amazon за да се забавуваат додека трае летот. Но, компании како Transavia и Qantas моментално тестираат системи за виртуелна реалност за да им овозможат алтернативна забава на патниците.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-3.jpg

Удобни седишта и виртуелна реалност

Секако уживањето во модерната технологија која ја користат авионите би било многу поголемо, ако имаме и удобни седишта за патување. Комбинацијата од удобни седишта и виртуелна реалност, се очекува наскоро да се имплементира во многу авиони, а прва компанија која ќе го направи ова е Qantas.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-4.jpg

Седишта како во кино

Италијанската компанија Aviointeriors дизајнира специјални седишта кои се собираат кога никој не седи на нив, исто како во киносалите.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-5.jpg

Индивидуални кабини за спиење

Компанијата Factory Design има креирано прототип на засебни кабини за секој патник кои се така споени една до друга за да има повеќе простор во авионот. Овој дизајн сè уште не може да се употреби во класичниот изглед на авионските кабини, но се очекува во иднина да се појави во сите авиони.

kako-kje-izgledaat-avionskite-kabini-vo-idnina-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...
9 декорации од TEMU со кои ќе си ја претворите терасата во бајковито катче Скаличка за редење саксии, декоративни украси за на ѕид, вештачка трева за на по...
10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив) Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...

Најчитани неделава