Новогодишен проект: Весели снешковци од балон и конец

Новогодишните празници се период во кој семејството се собира и сите заедно учествуваат во декорирањето на домот со сите новогодишни украси.

napravete-snesko-od-konec-so-pomos-na-baloni-001.jpg

Секако, нема поубаво време од она кое е поминато со вашите најмили, па токму затоа ова видео ќе ви покаже како да направите интересен снешко од конец.

За овој украс потребни ви се два балони, конец, креп трака и течен лепак.

Надувајте ги балоните и залепете ги со креп траката еден за друг, за да ја добиете основата за снешкото.

Лепилото растворете го во вода и потопете го конецот внатре.

Извадете го конецот и обвиткајте го околу балоните. Оставете да се исуши 24 часа и дупнете ги балоните.

Додадете му очи, нос, уста, раце, шалче и шапка и вашиот снешко е готов за украсување на било кое катче во домот.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">

Gonfia due palloncini! Ecco la creazione perfetta per Natale :)

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава