Кои се дизајнерите на логоата на најпознатите бендови?

Во периодот на ‘70тите и ‘80тите се создавала (можеби) најдобрата музика. Култни бендови, рекордни бројки на посетители на фестивали, неизбришливи рефрени... Секој бенд со свој идентитет, музички и визуелен.

koi-se-dizajnerite-na-logoata-na-najpoznatite-bendovi-001.jpg

Каде и да се сретнат овие логоа, точно се знае за кого станува збор, кои се песните на бендот, по кој член од бендот се кубат коси...

Но, кои се дизајнерите на тие логоа, кои во време на револуционерни светски промени, се свртеле кон создавање на силен печат од неколку линии и бои, со што создале непобедливи идентитети?

1. The Rolling Stones

Позади едноставниот, но провокативен дизајн на „усните и јазикот“ се потпишува John Pasche (Џон Паче). Тој е англиски дизајнер, роден на 24 април 1945-та година.

За време на своите магистерски денови на Кралскиот колеџ на уметностите, добил не-баш-најсекојдневен посетител низ предавалните, кој бил во потрага по цртеж кој ќе биде кавер на новиот албум на бендот. Клиентот е Мик Џегер, кој сакал нешто добро за албумот Sticky fingers на Rolling stones.

Паче го дизајнирал логото во 1969-та година, инспириран од впечатливите усни на Џегер. Добро, и долгиот јазик. Бендот се вљубува во дизајнот, Паче добива „тезга“ за следните 5 години со Rolling stones, а логото е прогласено за најдоброто лого на бенд на сите времиња, во 2008-ма година на онлајн анкета.

koi-se-dizajnerite-na-logoata-na-najpoznatite-bendovi-1.jpeg


2. Pink Floyd

Препознатливото лого на Pink Floyd за албумот Dark side of the moon е дело на Storm Thorgerson (Сторм Торгерсон).  Роден е на 28 февруари 1944-та, а починал на 18 април 2013-та година. Во неговите 69 години создал толку богат опус, што е речиси неизброив.

Соработувал со Pink Floyd, Led Zeppelin, Nik Kershaw, Black Sabbath, Scorpions, Europe, Bruce Dickinson, Dream Theater, Anthrax, The Cranberries и многу други. За неговото дело за Dark side of the moon, изјавил дека: „Токму тој дизајн е потпис на мојот стил. Сакам да ги вадам објектите од нивните традиционални контексти. Ја сакам фотографијата, затоа што е реален медиум, за разлика од цртањето, што е нереално. Сакам да се зезам со реалноста, да го доведам гледачот до прашање дали тоа што го гледа е реално или не?“

Британскиот магазинот Prog, во 2013-та именувал награда за дизајн по Сторм Торгенсон и ја доделува секоја година на дизајнери кои ќе достават идејно решение на најдобро спакуван производ.

koi-se-dizajnerite-na-logoata-na-najpoznatite-bendovi-2.jpg


3. AC/DC

Дизајнерот на логото на AC/DC е американец и се вика Gerard Huerta (Жерард Хуерта). Хуерта го создал дизајнот во 1977-ма година за потребите на кавер за албум на бендот кој требало да оди во комбинација со фотографија од бендот. И сѐ тоа си поминало супер, бендот добива тоа што бара, логото станува нивен потпис на сѐ што отпечатуваат, се продаваат милиони копии од албуми, постери, маички.

Хуера никогаш не е платен за својата работа, ниту еден цент.

koi-se-dizajnerite-na-logoata-na-najpoznatite-bendovi-3.jpg


4. Metallica

Во овој случај, бендот сам си е одговорен за својот потпис. Вокалистот James Hetfield (Џејмс Хетфилд) покажува друг дел од својата уметничка дарба кога се појавува потреба од дизајн за лого за бендот. Повеќето логоа поврзани со Металика се негово дело, но ова лого е најпрепознатливо. Првпат се појавило во '80тите години како дизајн на визит – картичките на членовите.

koi-se-dizajnerite-na-logoata-na-najpoznatite-bendovi-4.jpg

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg