Како да ja уредите собата за вашето дете ако не го знаете полот?

Планирате да уредувате соба за вашето дете кое го очекувате, но сѐ уште не го знаете полот и не сакате да го упропастите изненадувањето?

kako-da-uredite-rodovo-neutralna-soba-001.jpg

Најдобар начин за започнување со уредувањето е да ja направите собата со неутрален дизајн, во поглед на полот на детето. На овој начин ќе бидете подготвени, без разлика дали детето ќе биде момче или девојче.

Во продолжение прочитајте неколку корисни совети за уредување на родово неутрална детска соба:

1. Боја

Пред да започнете со размислување на идеи за избор на мебел, најдобро е да ја дефинирате бојата на ѕидовите на собата. Бидејќи сакате да добиете неутрална соба, тоа значи од старт исклучување на бои од типот на сина, розова и црвена.

Наместо тоа, може да се одлучите за повеќе интересни комбинации на бои, како на пример бела, жолта и тиркизна.

Од друга страна, според истражувања извршени од страна на детски психолози, црвените и сините нијанси можат да имаат значително влијание врз позитивниот ментален развој на децата.

Препорачливо е да се одлучите за родово неутрални нијанси, но не заборавајте да обоите одредени делови на просторијата во црвени или сини тонови. Тоа ќе му помогне на вашето дете да ја развие креативноста.

kako-da-uredite-rodovo-neutralna-soba-3.jpg

2. Килими, теписи, подлоги

Уште една голема идеја за стилско уредување на собата на вашето дете е поставување на шарени и топли килими. Килимите направени од волна се совршени за овој простор, бидејќи тие се топли во зима и ги штитат нозете на децата од студот, а во лето овие килими остануваат ладни.

Имајте на ум дека најважно е тепихот да изгледа весело и интересно, така што вашите деца ќе уживаат во играта и ќе сакаат да седат на него. За таа цел, ние препорачуваме да се купат килими со слики на камиони, автомобили, градови, астронаути, животни и други работи кои ќе го привлечат нивното внимание.

3. Изберете тематска содржина

Кога станува збор за избор на тема за родово неутрална детска соба, постојат голем број на можни аранжмани. Само треба да избегнувате теми базирани на мечеви или кукли. Неутралните теми можат да се однесуваат на вселена, животни, музички инструменти, броеви, овошје итн.

Покрај тоа, можете да ги украсите ѕидовите со интересни постери и слики во разни форми и дезени. Тоа, дополнително ќе го стимулира и развива умот на вашите деца.

kako-da-uredite-rodovo-neutralna-soba-4.jpg

4. Избор на мебел

Кога станува збор за купување на мебел за неутрални детски соби, треба да размислувате и за иднината. Тоа значи дека не треба да купувате парчиња за едно дете. Ако навистина сакате атмосферата во собата да биде целосно неутрална, треба да се инвестира во мебел направен со дрвен дезен, или дезен во црна и бела боја.

Ако планирате да имате повеќе од едно дете, треба да се одлучите за кревети на спрат. На тој начин, може да се заштеди многу простор во собата, кој на децата им е потребен за различни активности.

5. Катче за учење

Секоја детска соба, без разлика на возраста на децата, треба да има катче за учење. За малите деца, ова катче треба да биде исполнето со играчки кои ќе го развиваат нивниот ум. Кај поголемите деца, кои почнуваат со училиште, ова катче треба да биде исполнето со книги и друг школски прибор.

Ако имате 2 или повеќе деца кои ја делат истата соба, за секое дете треба да обезбедите посебен простор за учење. На овој начин, ќе им помогнете на вашите деца да созреат како индивидуи, а истовремено да стекнат и навики за учење.

kako-da-uredite-rodovo-neutralna-soba-05.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg