9 примери за „паметна облека“ која ќе ја замени обичната со својата функционалност
Облеката не треба да служи само за да изгледа убаво, туку и за да ни биде функционална.

Дизајнерите размислуваат исто така, и токму затоа се во потрага по решенија за облека која ќе има повеќе намени.
Покрај тоа што служи за првичната намена, има и некоја дополнителна корист, па само замислете колку би било секојдневието полесно со такви изуми.
Кога мислиме на паметна облека, мислиме на следниве примери:
1. Мала торбичка која се вметнува во градникот, каде може да ставите документи и пари кога трчате или патувате.

2. Елегантни светкави копчиња кои се прикачуваат на деколтето на кошулите за облеката да не се отвора и паѓа.

3. Мало парче ткаенина од ист материјал кое се додава на фармерките за да ви помогне да ви бидат поудобни и да не ве стегаат.

4. Парчиња за проширување на градникот кои се прикачуваат на веќе постоечкиот механизам за закопчување и може да го приспособите според вашиот обем.

5. Стегачи за зглобови кои имаат дополнителен џеб за да оставите клучеви и пари кога спортувате.

6. Еластични и секси стегачи за бутовите кои спречуваат триење на кожата и ги затегаат нозете.

7. Корисен изум за оние кои патуваат и сакаат истовремено да си ја потпрат главата на перничка и да ја покријат.

8. Уште едно идеално решение за туристи кои не сакаат да носат чанти при патувања – шал со скриен џеб за чување документи и пари.

9. Ракавици за велосипедисти кои имаат и огледалца кои служат како ретровизор за да гледате што се случува зад вас.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео)
Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца
Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...
Браво! Талентирана девојка од Скопје создава нереални мурали на зградите и по локалите кај нас
„Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови ...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род...
И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер
Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото)
Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...