Добра вест за сите кои мразат животинска кожа и крзно - Хуго Бос дизајнираше вегански патики

Модниот бренд Хуго Бос лансираше линија на вегански машки патики направени од природен материјал изработен од лисја од ананас, наречен Pinatex, како замена за кожа.

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki-01.jpg

Горниот дел од патиките без суровост е изработен од материјал добиен од лисја од ананас, којшто е направен без никакви животински продукти и е обоен со помош на растителни бои.

Патиките имаат ѓон од рециклиран термопластичен полиуретан и се достапни во црна, сина, портокалова и жолта боја.

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki (4).jpg

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki (5).jpg

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki (2).jpg

Покрај тоа што се вегански, патиките се дизајнирани да имаат минимално влијание за животната околина, па така тие доаѓаат во кутија којашто може да се рециклира и е биоразградлива, а е исто така изработена од 100% рециклирана хартија.

Материјалот Pinatex се добива како нуспроизвод од постоечката растечка индустрија на производство на ананас. 

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki (1).jpg

Hugo-Bos-dizajnirase-veganski-patiki (3).jpg

За разлика од кожарската индустрија, којашто користи многу вода и хемикалии, Pinatex им овозможува на фармерите на ананас да заработат од остатокот од производот, којшто инаку би го фрлиле.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава