Училишни автобуси претворени во подвижни домови во кои ќе посакате да живеете (фото)


Училишни автобуси претворени во подвижни домови во кои ќе посакате да живеете (фото)

Иако секој би сакал да има свој стан или куќа, некои луѓе бараат поевтина опција. Иако не е ништо ново старите автобуси да се користат како подвижни домови, нивните дизајни се значително подобрени за разлика од минатата деценија.

uchilishni-avtobusi-pretvoreni-vo-podvizhni-domovi-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-01.jpg

Автобусите се одличен избор за подвижен дом бидејќи се направени да издржат многу долги патувања. Нивните мотори како да траат вечно, а структурата е направена од челични рамки. Па ако сакате номадски живот, можеби треба да инвестирате во автобус.

Вил и Алиса се блогери и авантуристи кои во 2015-та година купиле автобус за околу 5.000 евра и го претвориле во мал дом. После неколку месеци работа, тие го средиле ентериерот на тој начин што нема да ви се верува дека сте во автобус.

uchilishni-avtobusi-pretvoreni-vo-podvizhni-domovi-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-02.jpg

uchilishni-avtobusi-pretvoreni-vo-podvizhni-domovi-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-03.jpg

Нешто слично направиле и Лук и Рејчел Дејвис, кои го заменил нивниот огромен дом со автобус. Бидејќи Лук имал и искуство со слични проекти, тој го направил таванот на автобусот повисок, па целиот простор воопшто не личи на возило.

uchilishni-avtobusi-pretvoreni-vo-podvizhni-domovi-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-04.jpg

uchilishni-avtobusi-pretvoreni-vo-podvizhni-domovi-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-05.jpg

Доколку и вие сте размислувале за нешто слично, следниве фотографии можеби ќе ве инспирираат да си направите ваш подвижен дом.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул дизајни кои ќе го доведат концептот за комфор во домот на ново нив... Дизајнерите не застануваат со нивниот креативен ум и постојано измислуваат дизај...
13 апсурдни дизајни кои не му затребале на никој, никогаш Иако честопати знаеме да купуваме работи кои реално и не ни требаат, овие апсурд...
На Амазон се продава летната „тераса“ од соништата Веројатно веќе знаете за куполите за изнајмување што стануваат сè повеќе пуларни...