Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе се за патување: Првиот вселенски хотел ќе биде отворен во 2025-та година

Неодамна, фондацијата Gateway најави дека планира да го направи првиот вселенски хотел до 2025-та година. Наводно, хотелот ќе може да сместува и до 100 туристи неделно.

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-01.jpg

Вселенската станица ќе биде наречена Вон Браун, по контроверзниот научник Вернер вон Браун кој на почетокот од кариерата беше вмешан со нацистичката партија.

Подоцна тој беше директор на центарот за вселенски летови Маршал на НАСА. Станицата ќе биде монтирана во вселената со помош на роботи и дронови.

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-02.jpg

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-03.jpg

Дизајнот на хотелот е дело на Тим Алаторе, кој пак црпел инспирација од концептите на вон Браун од 1950-тите. Станицата ќе биде во форма на огромно тркало, со дијаметар од 189 метри и ќе се врти бавно за да генерира гравитациона сила.

Станицата ќе ја сочинуваат приватни станови, но и хотелски соби и посебни простории за екипажот. Неколку простории ќе бидат продадени и на власти како центри за истражување.

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-04.jpg

Бидејќи ова ќе биде место за одмор, гостите ќе можат да уживаат во барови, ресторани, па дури и теретана. Се очекува станицата да има околу 400 постојани „жители“ кои навистина ќе се чувствуваат како дома.

Хотелот ќе стимулира лунарна гравитација, а ова ќе биде првата ваква станица со вештачка гравитација.

Доста внимание се обрнало и на ентериерот, а дизајнерите го избегнале „футуристичкиот“ изглед и се обиделе да направат потопла атмосфера.

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-05.jpg

podgotvete-se-za-patuvanje-prviot-vselenski-hotel-kje-bide-otvoren-vo-2025-ta-06.jpg

Ова е навистина возбудил период за вселенското патување, а организациите како Gateway и SpaceX бараат начин да го направат достапно за сите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Најновиот тренд за новогодишни елки е хит и кај нас – огромна панделка на врвот (фото) Елката во домот на Елена Најдоски е украсена со огромна бела панделка, ресторано...
Популарен трик за виткање подарок – како сами да го спакувате како професионалец? (видео) На социјалните мрежи нов хит за виткање новогодишни подароци е со украсна хартиј...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg