Реалистични и морничави верзии на најпознатите анимирани ликови (фото)

Јан Бланко е 24-годишен 3Д артист од Бразил, и тој е уметник кој не се плаши да го искористи хоророт во неговите дела.

realistichni-i-mornichavi-verzii-na-najpoznatite-animirani-likovi-01.jpg

Јан ги трансформира најпознатите анимирани херои во морничави реалистични 3Д ликови, кои изгледаат како да излегле од хорор филм.

Артистот ја започнал кариерата како илустратор уште во детството, а додека да стане тинејџер, знаел дека ќе сака да работи со дигитална уметност. Но, во 2014-та година ја открил 3Д уметноста и почнал да изучува сè за неа.

После многу труд и многу лични проекти, тој добил понуда од компанијата Techno Image да се пресели во Сао Паоло и да работи за нив.

Покрај анимираните херои, Јан прави реалистични 3Д трансформации и на најобични нешта, како моркови и дрва, на кои им дава човечки карактеристики.

Па ако сте љубители на морничавата уметност и ве интересира како би изгледале најпознатите анимирани ликови во реалноста, делата на Јан се совршени за вас.

Извор

Би можело да ве интересира:

Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава