Шпанија ја има најскапата елка во светот – Украсите чинат неверојатни 15 милиони долари
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


Шпанија ја има најскапата елка во светот – Украсите чинат неверојатни 15 милиони долари

Неодамна на јавноста ѝ беше претставена најскапата божиќна елка на светот, чија вредност се проценува на 14,95 милиони долари.

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-01.jpg

Елката се наоѓа во лобито на луксузниот хотел Kempinski во Марбеља, Шпанија. Елката е поставена за да го означи почетокот на празничната сезона, а нејзината вредност е поради украсите.

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-08.jpg

Дел од украсите на елката се направени и исцртани од британската дизајнерка, уметница и експерт за дијаманти Деби Вингам. Деби самата направила дури 500 од украсите, а напомош викнала и други уметници.

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-03.jpg

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-04.jpg

Елката е украсена со дијаманти, дизајнерски накит и скапоцени камења кои ја прават една од најскапите на сите времиња.

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-05.jpg

Покрај накитот од брендовите како Bulgari, Cartier Van Cleef & Arpels и Chanel, дрвото го красат и бели, црвени, розови и црни дијаманти. Како ова да не е доволно, на елката има и 3Д печатени чоколадни пауни, пердуви, шишиња парфем...

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-07.jpg

shpanija-ja-ima-najskapata-elka-vo-svetot-ukrasite-chinat-neverojatni-15-milioni-evra-09.jpg

Претходно, рекордот за најскапа елка ѝ припаѓаше на елката во хотелот The Emirates Palace во Абу Даби. Ова дрво беше украсено со ракавици, ѓердани и часовници во вредност од 11 милиони долари.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка со креативни раце прави чуда од храна за нејзиниот син (фото) Една мајка смислила навистина креативен начин да минува повеќе време со нејзинио...
12 најбизарни изуми на кои жените во светот трошат пари Oд влошки против „камилско стапало“ до перница за гради за тие што спијат на стр...
Кино во Швајцарија ги замени црвените седишта со дупли кревети (фото) Колку пати досега сте сонувале за кино со кревет, наместо обични столчиња? Во Шв...