За љубителите на уметноста - Елегантни тетоважи од кои „ѕиркаат“ мали уметнички дела

Тату-артистот познат како EQ живее во Јужна Кореја, а неговите препознатливи тетоважи ќе им се допаднат на сите љубители на уметноста.

za-ljubitelite-na-umetnosta-elegantni-tetovazhi-od-koi-dzirkaat-mali-umetnichki-dela-01.jpg

Додека повеќето тетоважи со уметнички дела се прават на поголема површина на кожата, сликите што ги тетовира EQ изгледаат како да ѕиркаат од правоаголна рамка.

Поради големината на правоаголникот, се гледа многу мал дел од уметничкото дело, а крајниот резултат изгледа навистина интересно.

EQ најчесто користи традиционални корејски и кинески мотиви, како бранови, птици и сонце, а понекогаш вметнува и модерни елементи.

Тетоважите најчесто се со живи бои, но има и црно-бели дезени кои изгледаат исто добро.

Доколку ви е потребна инспирација за следната тетоважа, сигурно ќе ја најдете во делата на EQ:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава