Направете сами: Елка која нема да ве чини повеќе од 700 денари

Во месецот кога дозволуваме да нè понесе новогодишната еуфорија и да уживаме во китењето на домот, секогаш се добредојдени „направи сам“ практични идеи. 

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-01 (1).jpg

Ана е креативна девојка од Скопје, која ужива во ваков тип на проекти, па споделува како да направите поинаква уникатна елка, која не би ве чинела повеќе од 700 денари. 

„Инспирацијата ја најдов на нет, првичната замисла ми беше да ја направам од дрвени летвички, но сакав да ја имам уште вечерта па немав каде да ги најдам летвичките.

Се сетив на алтернативно решение – да се обидам со дрвени рачки за метли. Но, отидов во супермаркет и единствено соодветно што најдов беа сребрени пластични рачки за џогер кои ми изгледаа таман за мојот проект“.

Што ви е потребно и колку чинеше елката:

  • 3 рачки за џогер – 60 денари парче, вкупно - 180 денари
  • Тенка пластифицирана жица за сушење алишта – 60 денари
  • Зеленото гранче од 6m – 300 денари
  • Стеги и сијалички – постоечки во домот
  • 3 Гранчиња
  • Силикон со пиштол – ги имав дома, можете да пробате и со секундарен лепак
  • Лампионите ги имав од претходно, а можете да бидете креативни и да си направите и сами.

Постапка за изработка:

Пластичните „ногарки“ во горниот дел се сврзани со стеги, затегнати и врзани помеѓу себе.

Конструкцијата не делуваше стабилна па употребив гранчиња кои ги собрав пред зграда – ги залепив во долниот дел на конструкцијата со силиконски пиштол, формирајќи буква А (приказ на сликата десно). 

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-02.jpg

Целата конструкција ја исплетов со жицата – од горе надолу, под одреден агол кој го следев низ плетката како би можело зеленото гранче да се држи за нешто и да не паѓа од тежината на лампионите.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-04.jpg

Го поставив исплетено зеленилото долго 6m и ставив и сијалички кои ги имав на располагање во домот.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-07.jpg

Лампиони, машнички – искрено излезе подобро отколку што очекував и многу и се радувам на мојата нова елка.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-09.jpg

Вашите идеи за креативни декорации може да ни ги испраќате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg