Наместо со бои, таа црта со вино – неверојатни дела во кои секој детаљ е насликан со божјиот пијалак (фото)

„Не промовирам консумација на алкохол, го употребувам исклучиво од љубов кон уметноста“. Вака ја започнува приказната младата Сања Јанковиќ која го користи виното како средство за изразување на својата уметничка страна.

Namesto-so-boi-taa-crta-so-vino-01.jpg

„Колку е поквалитетно виното, толку е пожива и бојата. Winerelle (интересна кованица од вино+акварел) е тип на слика изработена од различни видови на вински сорти: Ризлинг, Шардоне, Совињон блан за белите бои и Мерло, Пино ноар и Каберне совињон за потемните. Само најдобрите сорти на вина се користени во моите креации“.

Таа вели дека на почетокот употребата на вино наместо на бои претставувало вистински предизвик бидејќи си ограничен на црвени и виолетови тонови, а самата техника потсетува на онаа со водени боици, односно акварел, за која е потребно малку адаптација и трпение.

Виното е „живо“ нешто кое со текот на времето постојано се развива. Слично како што ќе созрее во шишето, така „старее“ и на платното и се развива со текот на времето, така што мора многу да се внимава додека се црта со него.

Таа користи само домашни вина од Србија, а нејзините дела навистина се фантастични:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава