Совршени велигденски јајца - дело на креативна Македонка: „Едно јајце цртам и по 2 часа“ (фото)


Совршени велигденски јајца - дело на креативна Македонка: „Едно јајце цртам и по 2 часа“ (фото)

Дизни ликовите доминираат на велигденските јајца кои ги црта креативната Елица Блажевска, но годинава таа не можеше, а да не им посвети едно и на докторите.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-01.jpg

Елица Блажевска од Скопје е девојката која не престанува да бои јајца и да изненадува со нејзината креативност секоја година во пресрет на празникот Велигден.

Како лани, така и оваа година спреми прекрасни велигденски јајца на коишто можеме да им се воодушевуваме, но и да посакаме да ги имаме и во нашиот дом.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-03.jpg

Оваа година во нејзината колекција која досега содржи повеќе од 90 велигденски јајца ги додаде: слаткиот бик Фердинанд, Бетмен, Спајдермен, Бејби бос, Пепелашка, Јасмин, Мулан, Покахонтас, духот од Аладиновата ламба, Мики и Мини Маус, Калимеро, Симба, малата принцеза сирена Ариел, сунѓерот Боб, Ѕвончица, Хулк, Биби и неколку еднорози.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-04.jpg

Таа вели дека секоја година има Дизни ликови кои повторно ги црта и бои по втор пат или трет пат, но тоа не и пречи воопшто, туку и е задоволство да ја исполни желбата на другите и да ги направи среќни.

Покрај велигденските јајца каде најчест мотив се ликовите на Дизни, Елица црта и бои јајца и со други мотиви кои ѝ претставуваат предизвик кој успешно го совладува.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-05.jpg

За изработка на едно велигденско јајце потребни ѝ се околу 2 часа исполнети со многу љубов, трпение и посветеност.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-09.jpg

„Многу сакам да цртам, уживам во тоа, ме релаксира, ме носи во еден друг свет и затоа секоја година во овој период спремам нови идеи и велигденските јајца ги изработувам со многу љубов. Се обидувам секогаш тоа е да е некој нов лик, но поради желбите на другите знам да изработам повторно некое велигденско јајце кое веќе сум го нацртала и обоила, но внимавам да е различно изработено од претходното иако е со истиот лик.

Оваа година фаворит ми е јајцето со ликот на слаткиот бик Фердинанд, тоа го издвојувам како омилено.“

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-02.jpg

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-10.jpg

„Годинава исто така морав да им посветам внимание и на нашите доктори и нивните огромни заслуги за справувањето со корона пандемијата, а едно јајце посветив на кардиологот на мојот татко кој оваа година е најзаслужен за неговото здравје.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-06.jpg

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-07.jpg

„Следната година ќе ми биде јубилејна десетта година како цртам и бојам велигденски јајца и не се откажувам, ќе смислам уште нови идеи со надеж дека ќе израдувам уште многу дечиња.

Детските искрени насмевки ме прават среќна во моментот кога ги добиваат велигденските јајца, а ме радува кога гледам дека и повозрасни исто толку им се радуваат. Тоа е посебно чувство за кое продолжувам да цртам и бојам секоја година“, вели Елица.

sovrsheni-veligdenski-jajca-delo-na-kreativna-makedonka-edno-jajce-crtam-i-po-2-chasa-foto-08.jpg

На следната страна повеќе велигденски јајца од магичните раце на Елица...



Би можело да ве интересира:

(Пред)велигденски декорации за на маса со цвеќиња (фото) Свежи цвеќиња и велигденски декорации – има ли подобра комбинација за украсување...
Велигденски јајца со Дизни мотиви - дело на креативна скопјанка (фото) Од Јасмин на Аладин до Снежана и седумте џуџиња, дечињата не можат да одолеат на...
Нова техника за боење на велигденските јајца – со боја и ориз (видео) Ако сè уште сте во потрага по техника за вапцање јајца со која ќе добиете чисти,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg