Нов необичен тренд во светот: Накит направен од (вашето) мајчино млеко

Емотивно или претерано? Жените доилки во светот се опседнати со нов необичен тренд – тие купуваат накит чиј камен е направен од нивното мајчино млеко.

nov-chuden-trend-vo-svetot-nakit-napraven-od-vasheto-majchino-mleko-01.jpg

Часовите минати во доење на нивните новороденчиња прават мајките емотивно да се поврзани за овие мигови, па како симболика за тоа си прават ваков накит, најчесто прстени, но и ѓердани и обетки.

Мајчиното млеко се стерилизира, хемиски и механички се обработува и потоа му се ставаат неколку заштитни слоеви, а изработката одзема од 10 до 21 ден.

Крајниот резултат личи на опал или на бисер и може да чини од 60 до 1.500 евра.

Вики Керватин, сопственичката на фирмата за изработка на накит од мајчино млеко „Mom's Own Milk“ од Велика Британија, вели дека тие на своите клиенти со уникатното парче накит им нудат „чувство смрзнато во времето“.

На прстените тие додаваат и декорации од злато, сребро, бисерчиња итн.

Што мислите за овој необичен тренд? Би го пробале ли?

Фотки од разни брендови за производство на накит од мајчино млеко:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава