Архитект создаде ремек-дело на замрзнато езеро - за 4 часа нацртал лисица, само со помош на своите нозе и лопата

Кога имаат слобода да ја покажат својата креативност, луѓето можат да создадат навистина неверојатни работи.

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-01.jpg

Паси Видгрен е архитект и дизајнер од Финска кој пред шест години започнал интересна традиција. Тој живее во Лахти и секоја зима „црта“ огромни слики на замрзнато езеро во близина на неговиот град.

Кога врз езерото се создава снежна покривка, користејќи ги само неговите нозе и лопата, тој прави големи ремек-дела на површината на замрзнатото езеро.

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-11.jpg

Годинава, талентираниот артист нацртал лисица која изгледа навистина реалистично, особено кога ќе земете предвид дека е „нацртана“ во снег. Лисицата е „висока“ дури осум метри, а на Паси му биле потребни околу четири часа да ја нацрта.

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-04.jpg

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-02.jpg

Иако изгледа одлично, факт е дека артистот сепак ризикува кога ги изработува овие дела.

Најпрво тој проверува дали мразот е доволно дебел за да го издржи, а со себе носи и специјални јажиња кои би му помогнале да излезе од водата доколку мразот се скрши.

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-09.jpg

Годишната традиција на Паси станала препознатлива и за локалните жители кои задолжително го прашувале што ќе нацрта на езерото штом ќе настапи зимата. А, токму ова му дава дополнителен поттик да ја продолжи традицијата.

„Сакам луѓето да бидат среќни и да ги охрабрам да излезат во прекрасната природа“, вели артистот.

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-10.jpg

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-07.jpg

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-06.jpg

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-08.jpg

zimska-umetnost-artist-nacrtal-ogromna-lisica-na-zamrznato-ezero-koristejkji-samo-lopata-i-negovite-noze-foto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека не секој треба да биде дизајнер Автоматски сад за сапун што не е водоотпорен, тепих во тоалет, поткрената шахта ...
Уникатни и иновативни дизајни кои не се неопходни, но веднаш ќе ги посакате (фото) Кога имаат слобода да ја покажат нивната креативност, дизајнерите можат да напра...
Куќичка за куче пред продавница и уште 10 кул изуми од светот кои ги посакуваме и кај нас Улични светла за луѓето кои гледаат во телефон наведнати додека се движат е нешт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg