Дали и вие...? (2)

Во продолжение на првите факти од кои во голем дел успеавме да се пронајдеме, Филип ни испрати надополнување на оваа листа.

dali-i-vie-2-001.jpg

Секако и вие сте тука во секое време да не дополните, доколку се сетите на нешто слично на долунаведеното:

1. Дали и вие како мали за време на тестови се заградувавте од сите страни за другите да не препишуваат од вас?

2. Дали и вие одржувате соло концерт под туш?

3. Дали и вие како мали сте го затварале полека фрижидерот само да видите кога ќе се изгаси сијаличката во него?

4. Дали и вие како мали сте ги ваделе малите налепници од бананите, портокалите и сте ги лепеле на чело?

5. Дали и вие кога разговарате на телефон со мајка ви, а сте заедно со друштвото тие дофрлуваат: фрли ја цигарата, дај ми го пивото... и дома сте јаделе ќотек заради тоа?

6. Дали и вие сте се обиделе со стрелката од маусот да избркате мува од мониторот?

7. Дали и вие имавте формула на педали?

8. Дали и вие како помали со чиниите возевте формула?

9. Дали и вие кога бевте мали пробувавте да се фатите за оградата од терасата, но бидејќи не можевте да докачите се поткревавте со помош на столица?

Му благодариме на Филип Бегоски за испратената статија.

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Моќна исповед: „По 40 години во училница, ученик ми рече дека ние не сме важни“ „Моите вечери некогаш мирисаа на хартија во боја, светки и лепак. Денес мирисаат...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg