Приказна: Воспитување

Една баба стои на ред на каса во голем супермаркет. Позади неа во редот стои млада жена со син на возраст од околу 9-10 години. Синот цело време ја туркал количката која 5-6 пати ја удрила бабата по нозете.

prikazna-vospituvanje-01.jpg

Бабичката се завртела кон малиот и го замолила да престане да ја удира.

Тој дрско продолжил, па бабата се свртела кон мајка му велејќи и:

- Зар не можете да му кажете да вашиот син да внимава и да престане да ме удира?

Младата госпоѓа, без возбудување – мртва, ладна одговорила:

- Не! Мојата метода на воспитување му дава слобода да прави што сака, сè додека во неговата свест не му стане јасно дека тоа што го прави не другите не е во ред. Научно е докажано дека тој метод е многу ефикасен!

Во редот позади дамата со детето стоел дечко на возраст од околу 20 години, кој внимателно го слушал целиот разговор, а во раката држел џем од сливи. Кога дамата го завршила своето објаснување за методот на воспитување, тој го отворил капачето од теглата и ја истурил на главата на мајката со детето.

Бесна и нервозна се свртела кон дечкото, а тој ладнокрвно и одговорил:

- Знаете, госпоѓо, јас сум воспитуван слободно, баш на ист начин како и вашиот син. И еве, видете го резултатот.

Старицата весело се свртела кон касиерката и и рекла:

- Ве молам ставете ја оваа тегла со џем на моја сметка...

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg