„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“

„Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не стануваш рано наутро за да појадувате во кревет заедно. Не се прегрнувате во кревет додека да заспиете секоја ноќ. Тоа значи да се расправаш за едноставни работи, за финансиски проблеми, да си легнеш да спиеш за на крај некој да ти го земе ќебето и да се разбудиш смрзнат“.

zhivotot-so-lichnosta-shto-ja-sakash-e-tezhok-no-ako-beshe-lesen-nemashe-da-vredi-01.jpg

Сите оние што се во брак или во долга и сериозна врска знаат дека животот во пар воопшто не е лесен. Потребни се голем број компромиси и отстапки за една врска да се одржи.

Но, убаво е кога знаете дека секогаш имате некого на кого можете да се потпрете, нели?

На социјалните мрежи масовно се споделува објава од непознат автор што совршено го доловува животот на паровите.

Во продолжение проследете ја во целост:

„Многумина сметаат дека живеењето во двојка е секогаш прекрасно, но тоа не е реалноста.

Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не стануваш рано наутро за да појадувате во кревет заедно. Не се прегрнувате во кревет додека да заспиете секоја ноќ. Домот не е секогаш чист и немате свежо подготвена храна секој ден.

Да живееш со личноста што ја сакаш значи да се расправаш за едноставни работи, како кој заборавил да го фрли ѓубрето, да се расправаш за финансиски проблеми, да си легнеш да спиеш затоа што денот бил тежок и си исцрпен и, на крај, некој да ти го земе ќебето и да се разбудиш смрзнат.

Но, и покрај сѐ, секој ден со нетрпение очекуваш да ја видиш таа личност или да си одиш дома да ја сретнеш истата личност што знаеш дека те сака и се грижи за тебе.

Се смеете заедно во миговите кога ќе направите нешто смешно, споделувате интимни мигови заедно додека готвите вечера и разговарате и си олеснувате, затоа што знаете дека и двајцата сте имале комплициран ден.

Тоа значи дека во миговите на емотивна криза ќе имате некој што седи до вас, ве прегрнува и ви вели дека сѐ ќе биде во ред и му верувате.

Тоа значи да ја сакате личноста дури и во миговите кога ве излудува и знае да ве 'извади од такт'.

Животот со личноста што ја сакаш значи постојано да се расправате за смешни работи, но истовремено да имате таква љубов за каква што некои луѓе целиот свој живот сонуваат. Не е перфектно и тешко е да се балансира секој ден, но е прекрасно и најдоброто искуство, затоа што ако беше премногу лесно, немаше да вреди.

Затоа секој ден си помислувате: ‘Без разлика што и да се случи ќе се видиме дома’“.

Извор

Би можело да ве интересира:

Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg