Миа Костова за CRNOBELO лексикон: „Ме задеваа во основно, знаев да 'изедам' и некоја клоца“

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Ариел.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Ластик, и да сечкам манџи од трева.

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Многу смотано дете бев, скоро и да немам бељи. Но, ми текнува дека повторував со пенкало чекови на мајка ми и така беа неважечки.

mia-kostova-za-crnobelo-leksikon-me-zdevaa-vo-osnovno-znaev-da-izedam-i-nekoja-kloca-02.jpg

17. Дали некогаш си се степал/а?

Јас лично не. Ама ме „закачаа“ во основно и знаев да „изедам“ по некоја клоца.

18. Што правиш во слободно време?

Најчесто уживам со пријатели во добро вино на добро место, со жените што се едни на светов.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Па не е некој времеплов, не сакам ништо што не ми е пробано. Би се вратила во ’90-тите.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Куќа со базен далеку од град.

mia-kostova-za-crnobelo-leksikon-me-zdevaa-vo-osnovno-znaev-da-izedam-i-nekoja-kloca-07.jpg

21. Од што се плашиш?

Смрт, болест, загуба на блиски, ајкули, земјотрес…

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Секако дека знам. Женет е, со деца.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Тешко да е кафеанска ама некој Дино Дворник ме станува во секунда.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Патување, секако.

25. Кое е најубавото место на светот?

Со мојата патувачка екипа од двајца, каде било на светот.

миа.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?

Миа: Колку години имаш што ти текна на лексиконов?

CRNOBELO.com: 15 и неколку месеци, најубавите години за пишување (во) лексикон.

mia-kostova-za-crnobelo-leksikon-me-zdevaa-vo-osnovno-znaev-da-izedam-i-nekoja-kloca-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава