Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За жените и за мажите

Уште неколку дефиниции за машко – женските односи. Како се поднесуваат мажите и жените? Велат дека храбрите мажи трескаат врата кога доаѓаат дома, а кукавиците само кога си одат.

za-zenite-i-za-mazite-01.jpg

Дали е навистина така?

Еве уште неколку:

1. Додворувајте и се малку на својата жена – како да не ви е жена, како да не ве сака, како да има друг, како да може да бира. А жените не се неблагодарни. На ова внимание ќе ви одговори со многу добрина – како да ве сака, како да нема друг, како да не може да бира.

2. Не верувајте им на убавите жени, премногу се убави за да бидат верни. Таков е и случајот со паметните мажи.

3. Немојте да трчате по други жени, да не се судрите со оние кои бегаат од нив.

4. Мажите не ги мразат жените онолку колку викаат на нив, ниту пак жените ги сакаат мажите онолку колку што ги слушаат и трпат.

5. Маж е име за оној кој ве сакал некогаш. Жена е име за онаа која сакала некој друг, а се омажила за вас.

6. Жените сакаат да сакаат, а помалку важно им е кого ќе сакаат.

7. Мажите сакаат да бидат сакани, но би сакале да бираат кој ќе ги сака.

8. Водете сметка. За сите мажи да можат да ги изневеруваат своите жени, во тоа мора да учествуваат и сите жени.

9. Мајките ги учат ќерките да не бидат блесави како што биле тие на нивни години. Татковците секогаш имаат друго мислење: ништо не би значело мајките што се блесави, ако мажите не биле доволно глупави.

10. Мајките треба да се добри, не убави. Кога се убави мајките личат на жени, а колку повеќе личат на жени, сè помалку личат на мајки.

11. Наутро една жена го убедува својот мамурен сопруг дека е дома и со својата жена. А нему не му е јасно: ако е тоa вистина, што бара он таму?

12. Ако вашата жена вредела нешто, би се омажила за некој друг, не би ве чекала вас.

13. Само кукавиците сакаат по неколку жени. Храбрите мажи се плашат од ризикот да сакаат само една жена.

14. Колку е подолг бракот, толку се пократки зборовите и речениците.

Би можело да ве интересира:

Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg