Вистински vs. површен пријател

vistinski-vs-povrshen-prijatel-povekjeДали знаете да препознаете вистински пријател од површен пријател? Колку вистински пријатели навистина имате? Ова се неколку карактеристики кои...


...треба да ги имате на ум кога ги броите пријателите:

1. Површниот пријател почнува разговор со куп вести од својот живот.
-  Вистинскиот пријател прашува: Што има ново кај тебе?

2. Површниот пријател мисли дека потешкотиите за кои зборуваш се нови.
-  Вистинскиот пријател ти вели: Слушај, за истиве работи зборуваш 14 години. Дај те молам преземи веќе еднаш нешто во врска со ова.

3. Површниот пријател никогаш не те видел додека плачеш.
-  Вистинскиот пријател има искривени раменици од твоите солзи.

4. Површниот пријател не ги знае твоите родители по име.
-  Вистинскиот пријател ги има нивните телефонски броеви во адресарот.

5. Површниот пријател носи зготвено јадење на твојата забава.
-  Вистинскиот пријател доаѓа порано за да ти помогне околу целото спремање.

6. Површниот пријател не сака да му се јавуваш кога веќе си легнал да спие.
-  Вистинскиот пријател прашува: Што те задржа па не успеа да ми се јавиш порано? Да не се случило нешто?

7. Површниот пријател со тебе би разговарал за твоите проблеми
-  Вистинскиот пријател би сакал да ти помогне да ги решиш.

8. Површниот пријател кога те посетува се однесува како гостин.
-  Вистинскиот пријател си го отвора фрижидерот и се послужува сам.

9. Површниот пријател мисли дека е крај на пријателството кога ќе се скарате.
-  Вистинскиот пријател знае дека после караницата – тоа е моментот кога допрва почнува вистинското пријателство.

10. Површниот пријател очекува дека секогаш ќе му бидеш на располагање.
-  Вистинскиот пријател знае дека секогаш ќе биде тука кога ќе ти затреба.

Би можело да ве интересира:

Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“ „Мислев дека Монте Карло е најубавото местои на светот. Бев таму и после тоа сум...
„Многу ме нервира онаа Македонкана на Инстаграм“ Зошто те нервира? Зошто ја озборуваш, искрено? Дали можеби таа успешна Македонка...
Зошто сите во Скопје се разведуваат? Дали и вие имате чувство дека во Скопје владее епидемија на разводи? Не знам за ...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg