Барбара Поповиќ за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од осаменост“

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Избегав преку тераса од дома за да одам на роденден зошто имав мал излез, но татко ми ме фати и бев казнета 3 месеци.

17. Дали некогаш си се степала?

Уф, многупати. И тоа сочно, ха, ха.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-02.jpg

18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?

Грицкање нокти.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

2007 година, Охрид, куќата на баба ми и дедо ми и сите во неа.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-08.jpeg

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Дедо ми да е уште помеѓу нас.

21. Од што се плашиш?

Од осаменост најмногу, од тоа да си одам од мајка ми и татко ми (да живеам на друго место без нив) и од длабока вода.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-15_copy.jpeg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Мојата прва симпатија беше во градинка, Дени, знам каде е и што прави бидејќи сè уште живееме во иста населба и имам контакт со повеќето од градинка и основно, а тој е еден од нив.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Како мала се сеќавам дека ја нарачував Madjarica и Тозовац, ха, ха, но сега не многу излегувам по кафеани, така што нема.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Динго, уште 100 пати би го купила.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-06.jpg

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома.

26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?

Пред неколку недели снимавме епизода на IDJ SHOW и имавме интервју јас и Ксенија Тану, која е Белорусинка, па наместо да каже дека сум слатка и лоша кажа дека сум грозна не знаејќи што значи тоа ха, ха, ха.

27. Откриј ни една тајна...

Би сакала цел живот да живеам со моите родители, сестра ми и Динго.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-12.jpeg

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?

Ништо, се сеќавам дека бев згрозена.

29. Од што се срамеше најмногу во детството?

Не сум била срамежлива личност ни тогаш, па можеби затоа не се ни сеќавам.

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Барбара: Која е најтешката личност со која сте соработувале?

CRNOBELO.com: Нема некој што е посебно тежок за соработка, но има такви кои треба 2-3 пати да ги потсетиш дека „крајниот рок“ се ближи за да побрзаат.

barbara-popovikj-za-crnobelo-leksikon-16.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg