Тајните на долговечниот брак: 73 години се заедно, а и понатаму се сакаат

После 73 години брак, деведесет и четиригодишната Барбара Купер знае како да ги надмине тешките периоди во бракот. Таа ја напишала книгата „Заљуби се во љубовта на твојот живот“, во која открива  некои од нејзините тајни за убав живот и долга љубов.

tajnite-na-dolgovecniot-brak-73-godini-se-zaedno-a-i-ponatamu-se-sakaat-01

Ако имате впечаток дека постојано одите од една во друга пропадната врска, крајно време е да промените нешто.

Водете љубов почесто

Оваа дама вели дека не ги разбира паровите кои зборуваат дека се премногу зафатени или уморни за да водат љубов. Освен ако не го спасувате светот, немате оправдување за такво нешто. Треба да знаете кои се вашите приоритети и доколку сакате вашиот брак да опстане, никогаш не велете дека немате време за секс. Кога се ближи крајот на вашата врска, гледајќи наназад ќе жалите за сите тие ноќи во кои сте спиеле сами, наместо да водите љубов.

Секојпат израдувајте му се на партнерот

Ако сакате да успее вашата врска, мора да се навикнете да му посветите поголемо внимание на партнерот. Без разлика дали се враќа од работа или бил само до продавница, кога и да се појави на влезот, оставете сè што правите и погледнете го како да сте пресреќни поради тоа што го гледате.

Не изневерувајте

Многумина ги правдаат своите изневерувања со тоа што кажуваат дека личноста со која што се не може да ги задоволи нивните потреби. Меѓутоа, кој вели дека сите ваши потреби мора да бидат задоволени? Ако почнете вака да размислувате, ќе се чувствувате многу послободно и поопуштено. Ако некого сакате, тоа може да надомести нешто друго што ви фали.

Не земајте ништо здраво за готово

Пресвртен момент во некој брак е кога еден од партнерите или двајцата почнуваат да го сфаќаат другиот здраво за готово. Тоа е разумно, бидејќи животот е доволно комплициран и знае да биде исцрпувачки, па понекогаш треба да дојдете дома и да се исклучите. Треба да ги наполните батериите, но никогаш не ги игнорирајте оние кои ги сакате.

Не го спомнувајте минатото

Најважната лекција која оваа госпоѓа може да ви ја даде е да не започнувате теми за нешто што поминало и завршило. Ако сте поминале низ нешто  и сте завршиле со некоја приказна, нека остане тоа така. Единствено на што треба да се сеќавате се само среќните моменти. Така може да се фокусирате на тоа евентуално да поправите некој моментален проблем, а кога еднаш ќе го направите тоа, ќе се заборави како да не се случило.

Контролирајте го бесот

Кога сте напнати и лути, доаѓате во искушение да кажете или да направите нешто поради што подоцна ќе се каете. Затоа обидете се да се смирите, па потоа да започнете разговор. Всушност, повеќето работи кои секојдневно нè навредуваат, се обични смешни ситници.

tajnite-na-dolgovecniot-brak-73-godini-se-zaedno-a-i-ponatamu-se-sakaat-2.jpg

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg