10 Реченици кои жените во брак не сакаат да ги чујат

За некои двојки бракот е вистинско совршенство, но би бил уште подобар и поспокоен доколку некои луѓе си затворат устите...

10-recenici-koi-zenite-vo-brak-ne-sakaat-da-gi-cujat-1

На жените навистина им здодеа да ги слушаат овие неколку реченици, а уште повеќе им пречи тоа што некои луѓе не можат да се заситат од туѓата приватност, па сакаат да дознаат колку што можe повеќе.

Жените во брак сигурно ќе се согласат, а останатите кои сѐ уште немате прстен на рака смислете некои добри одговори:

1. „Кога ќе имате деца? ”

Сите, почнувајќи од вашата мајка, па сѐ до колегите од работа почнуваат да ве прашуваат кога ќе имате деца, веднаш откога ќе го кажете судбоносното „Да”. Ако сте во брак и веќе имате едно дете, нема да бидете запоставени, бидејќи ќе ве прашуваат кога ќе родите уште едно.

2. „И како се чувствуваш во брак?”

„Па, се чувствувам како да пловам на прекрасен брод, низ широк океан, чие небо е преполно со виножита...?“ Не! Исто е како и досега само што живеете заедно со здружени сили. 

3. „Сега си друга личност”

Да, поради фактот што имам камен на прстот сега ќе го откријам мојот вистински карактер. Навистина, што значи оваа реченица?

4. „Ќе го промениш презимето?”

Па, ако мојот сопруг се согласи да го промени неговото, тогаш и јас ќе размислам околу тоа. Дефинитивно најдобар одговор за љубопитните.

10-recenici-koi-zenite-vo-brak-ne-sakaat-da-gi-cujat-3

5. „Дали планирате да купите куќа?”

Ако планирате да ми дадете пари за истата, тогаш да.

6. „Ти се допаѓаат свекорот и свекрвата?”

Ако ве прашува најдобрата пријателка или родителите, бидете искрени, но за сите други одговорете кратко со „Фини се” и бегајте додека не ве откријат по гримасите на вашето лице.

7. „Дали ви е здодевно понекогаш?”

Јавниот одговор е „Не”, а приватниот е „Да”. Бидете внимателни, можеби е замка.

8. „Јас никогаш нема да се мажам”

Ако можевте нешто да одговорите веројатно тоа ќе беше ова: „Јас никогаш не би можела да бидам сама”.

10-recenici-koi-zenite-vo-brak-ne-sakaat-da-gi-cujat-2

9. „Не можеш да разбереш: Ти си мажена”

Во право си, бидејќи досега никогаш не сум одела на состаноци, ниту пак сум била слободна. Сопругот го најдов случајно пред мојата зграда...

10. „Дали е тој твој најдобар пријател?”

Да! 

Сигурно имате нешто да додадете...

Би можело да ве интересира:

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg