Поучна приказна: Кои се 7-те светски чуда?

Во едно средно училиште, некаде во светот, учениците учеле за 7-те светски чуда. На крајот од часот, професорот ги испрашувал да ги набројат сите светски чуда на кои може да се сетат.

poucna-prikazna-koi-se-7te-svetski-cuda-01.jpg

Иако имало мало несогласување, овие светски чуда добиле најмногу гласови:

1. Големите египетски пирамиди

2. Таџ Махал во Индија

3. Големиот кањон во Аризона

4. Панамскиот канал

5. Зградата Емпајр Стејт

6. Исус Христор во Бразил

7. Кинескиот ѕид

Додека ги пребројувал гласовите, професорот забележал една девојка која сè уште не го предала својот лист со одговори.

Заради тоа ја запрашал дали има некаков проблем.

Девојката срамежливо му одговорила:

- Да, малку... Не можам баш да се одлучам затоа што има многу светски чуда.

Професорот возвратил:

- Па, кажи ни што до сега напиша, може ќе можеме да ти помогнеме.

Девојката застанала двоумејќи се дали воопшто да го прочита својот список, но за кратко полека почнала.

- Јас мислам дека 7-те светски чуда се следниве:

1. Да знаеш да допреш

2. Да знаеш да вкусиш

3. Да видиш

4. Да слушнеш

5. Да почувствуваш

6. Да се насмевнеш

7. Да сакаш

Училницата станала толку тивка што можело да се чуе ако падне игла...

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш! Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg