Се сеќавате на „Водени лудории“ со Сидор? (видео)

За некои е тотално нешто непознато, а сега ако го гледаат првпат можеби ќе им изгледа смешно и бесмислено. Но, во 90-тите години се одржуваа интересни игри и емисии кои ја анимираа целата јавност.

se-sekavate-na-vodenite-ludorii-od-vaseto-detstvo-video-02

За разлика од денешните полупразни базени, тогаш се бараше место повеќе за да се биде дел од најзабавната манифестација „Водени Лудории“.

Кога немаше Фејсбук, Твитер и компјутерски игри како Кантер Страјк, Дота и слично, децата, па и многу од возрасните се натпреваруваа во реални игри на вода.

Забавата беше загарантирана, а натпреварувачкиот дух многу поизразен. Се играше и на тимови, поделени според градовите од каде што доаѓаат екипите.

Игрите кои се организираа беа интересни и предизвикувачки, а сè што требаше да знаете беше пливањето, бидејќи се одржуваа во вода и да бидете доволно брзи и прецизни онаму каде беше потребно.

Олимпискиот базен во Скопје беше главно место на случувањето, иако повремено се посетуваа и другите градови, а за време на летниот период се одржуваа понекогаш и на отворено, на пример во Охридско Езеро.

За време на паузите имаше ритмички точки на кои настапуваа групи девојки со кореографии, имаше музички настапи и доделување награди.

Гласно се навиваше и се коментираше и во живо, но и пред малите екрани на МРТВ, бидејќи тоа беше забава за целото семејство.

Слично вакво нешто, секако, во многу понапредна верзија се денешните емисии на Wipe Out.

Потсетете се на некои од емисиите:

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg