Зошто на врвот од новогодишната елка ставаме ѕвезда?

Китењето елка е христијански обичај кој потекнува уште од дамнешни времиња, но сигурно се прашувате зошто на врвот од елката најчесто стои ѕвезда.

zoshto-na-vrvot-od-novogodishnata-elka-redime-dzvezda-01.jpg

Прочитајте ја оваа руска бајка и откријте го одговорот на таквата енигма.

Кога се родил Христос, ѕвездата на небото ги водела мудреците од Истокот, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓале Богородица и Христос. Над пештерата во која е Христос роден, растеле 3 дрва – бор, кедар и ела.

Дрвата биле осветлени од светлоста на Христовото раѓање, па посакале да му подарат нешто.

Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички кои ширеле прекрасен мирис, борот ги испуштил најубавите шишарки, а елата горко заплакала, затоа што таа немала ниту мирисни масла во своите иглички, ниту шишарки.

Солзите на елата ги видела ѕвездата - водилка, па се сожалила.

Поради нејзината голема желба да му поклони нешто на Христос, ѕвездата не ѝ дозволила на елата да биде тажна таа ноќ.

Ѕвездата - водилка испратила малечка ѕвезда да се спушти на врвот од елата. Тогаш, таа засветкала со голема светлина и длабоко поклонувајќи се, ѕвездичката се спуштила токму пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.

Затоа денес на врвот од елката најчесто се става ѕвезда – како знак и искажување љубов кон Исус Христос.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто сите во Скопје се разведуваат? Дали и вие имате чувство дека во Скопје владее епидемија на разводи? Не знам за ...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Носталгија: Насловни страници од ИКЕА каталозите низ годините – колку се променија трендовите за уре... Од традиционалниот винтиџ стил со дрво во 50-тите години, до топлото уредување в...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg