„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно друго

Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го утеши го прегрнала и тргнала со него надвор и заборавила дека треба да си ја земе опремата за физичко. Зошто во расеаноста на ќерка ми не гледам хендикеп, туку дарба?

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-01.jpg

Полека го истуркавме некако и прво одделение, на учебната година ѝ се ближи крајот, а ќерка ми иако е добра и не заостанува со образованието, се чини дека сепак има еден проблем – расеаноста.

Редовно ја заборава опремата за физичко, учебниците и тетратките често за викенд остануваат под училишната клупа, а дека има домашна задача кажува само ако ја прашаш.

Често за викендите морам по Вибер да барам од другите родители да ми ги фотографираат песничките што се учеле, да барам наставни листови...

Но, не ми е тешко, свесна сум дека промената не може да се случи преку ноќ, а дека некои работи и не можеш да ги промениш.

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-02.jpg

Прифатив дека моето дете е такво какво што е.

Скока од интерес во интерес. Денес ѝ е омилена математиката, утре е пишувањето букви, задутре ме потпрашува и истражува како растат растенијата, како птиците знаат како да стигнат од југ кај нас...

Како настанал светот?

Која била првата планета што се формирала?

Зошто Месечината понекогаш е до половина, а некогаш е цела...

А, некогаш не дочекува ниту да го слушне одговорот затоа што вниманието ѝ го одзело нешто друго.

Клукајдрвецот што упорно клука во дрвото во дворот. Ластовичката што свила гнездо над прозорецот во кујната...

Детето на соседите кое постојано само вози велосипед по улицата.

„Зошто ова дете е постојано само?“ – ме прашува.

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-05.jpg

Но, она што за многумина е расеаност јас почнувам да го гледам како жед за нови знаења и желба за учење, како дарба да се види светот околу себе и да се забележат деталите.

Факт е дека таа секогаш наоѓа нешто ново и поинтересно што ќе ѝ го окупира вниманието, па едноставно заборава на тоа што го правела.

Нејзината расеаност не е само хендикеп, туку и дарба да се видат работите што ние, кои сме фокусирани само на целта, не ги забележуваме.

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-06.jpg

Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го утеши го прегрнала и тргнала со него надвор и заборавила дека треба да си ја земе опремата.

Го видела другарчето како плаче затоа што му се скршило моливчето, ја испразнила својата чантичка за да му ги даде сите моливи...

Заборавила да каже што има за домашна работа затоа што кога влегла дома била пресреќна што конечно си го гледа братчето и сака да помине време во игра со него.

Забележала дека еден пријател на вујко ѝ носи скинати фармерки, па со солзи во очите дојде и ме праша дали имам пари да му позајмам да си купи нови.

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-07.jpg

Забележала дека цвеќето овенало, па сама потрчала да му стави вода пред да се исуши и да го спаси.

Слушнала како едно мало маче мјаука, па сама дојде да ми каже дека му треба помош...

И додека многумина знаат да кажат дека тоа е расеаност и недостаток, јас во тоа гледам дарба. Гледам емпатија, љубов и добродушност.

vasheto-dete-e-raseano-mi-velat-no-go-sakam-takvo-kakvo-shto-e-i-ne-bi-go-menuvala-za-nitu-edno-drugo-03.jpg

Не е сѐ во знаењето и науките. Постојат некои особини што децата не ги учат во училиште туку му се вродени и го прават единствени и уникатни.

Можеби оваа нејзина карактеристика и не е толку добра, но јас го сакам нејзиното чисто срце и нејзината душа. Го сакам тоа што секогаш знае да подаде рака и да биде тука за другите.

Да, го сакам моето расеано дете такво – какво што е!

Зошто? Затоа што додека сите ние сме фокусирани само на целите и на она што е важно, таа ги гледа работите што за нас се неважни, а може да направат огромна разлика во нашите животи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg