Не ги пропуштај најубавите години сакајќи да пораснеш: 9 работи кои би ѝ ги кажала на 16-годишната јас

Кога сме помали сѐ што сакаме е да пораснеме, а кога сме возрасни сѐ би дале за да го вратиме времето назад. Но, за жал времето не се враќа, а со текот на годините учиме важни лекции кои кога би можеле би се вратиле во минатото и би ѝ ги кажале на нашата помлада верзија.

ne-gi-propustaj-najubavite-godini-sakajki-da-porasnes-10-raboti-koi-bi-i-gi-kazala-na-16-godisnata-jas-01.jpg

Ова се 9-те нешта кои секој би си ги кажал на 16-годишното јас:

1. Средното училиште не трае вечно

Средношколските години се едни од најубавите години во животот на личноста, каде освен што се учат најважните лекции кои подоцна многу се применуваат, се доживуваат и најубавите и најинтересните моменти. Првите сериозни врски, подолго излегување и сл. Советот кој би го дале на сите оние кои се на оваа прекрасна возраст е дека овие 4 години освен што не се враќаат, тие се многу полесни отколку што изгледаат. Вистинските предизвици следат подоцна во животот – затоа уживајте дури ги имате тие години.


2. Грижете се за телото

Факт е дека голем средношколци немаат време за грижа за себеси. Но, секогаш ставајте се себеси на прво место. Пред училиштето, пред друштвото, пред сѐ останато. Вежбајте и сакајте го телото – доволно е да прошетате барем половина час дневно. Вашето тело ќе ви биде благодарно во иднина.


3. Одберете здравје наспроти училиште

Секако дека вреди да пропуштите ден на училиште за да се одморите од стрес и од проблеми. Тој еден ден нема да биде важен во сите тие денови што сте биле. Како што веќе кажавме, мора да се ставате себеси први и да се грижите за вашето физичко, но и ментално здравје. Училиштето може да почека, а здравјето не. Ако вие не сте како што треба, тогаш ништо нема да биде во ред во вашиот живот.


4. Некои пријателства не траат вечно

Кога ќе заминете на факултет, голем дел од нештата ќе се променат. Едно од најголемите нешта е вашето друштво. Голем број луѓе во вашиот живот што сега се присутни во вашиот живот, нема да бидат кога ќе заминете на факултет. Луѓето се оддалечуваат без разлика на причината. Не се чувствувајте виновно ако завршите некое пријателство. Луѓето се минлива фаза во вашиот живот – доаѓаат и си одат, но оние вистинските и трајните, тие се засекогаш тука.


5. Поминувајте колку што можете повеќе време со вашата фамилија

Тоа се луѓето кои најмногу ве сакаат и со кои во иднина сѐ поретко ќе се гледате. Како што растете, сѐ помалку време ќе имате да им посветите на единствените луѓе кои се секогаш тука во вашиот живот. Затоа, трудете се да поминувате што е можно повеќе мигови со вашето семејство, пред сѐ со бабите и дедовците.


6. За да постигнете успех потребна е многу напорна работа

Како сѐ што е вредно во животот што доаѓа со мака, така и успесите. За да постигнете успех потребна е навистина многу напорна работа која може да резултира со дополнителен стрес и многу жртви, но ако истраете и не се откажете, тогаш успехот ќе ви биде многу посладок. Запомнете дека и да не успеете од прв пат, важно е да не се откажете. Можете да постигнете сѐ што имате замислено само ако доволно силно го сакате и доволно силно се потрудите.


7. Возење кола не е толку страшно колку што мислите

Сите тинејџери, сега веќе на возраст од 16 години почнуваат да полагаат за возачка дозвола. И голем од нив се плашат од полагањето. На почетокот е навистина тешко додека се навикнете, но потоа, тоа ќе ви стане природно и ќе се чувствувате добро кога сте зад воланот. Еден навистина важен совет овде е дека за сѐ е потребно време – па така и за да се навикнете дека сте возач.


8. Бидете свои

Сигурно 100 пати сте го слушнале ваквото клише, но знајте дека е вистина. Во текот на тинејџерските години сите адолесценти почнуваат да се прашуваат кои се всушност тие и што сакаат од животот. Прво, оваа криза ќе помине кога ќе поминат адолсцентските години. Второ, сите сме збунети во тој период, но кога ќе помине, нештата ќе станат малку појасни и ќе имате подобра слика за себеси. Сакале или не, сите поминуваме низ овој период.


9. Не мислете дека кога ќе наполните 20 години дека животот ќе ви биде среден

Всушност, хаосот на животот започнува веднаш по завршување факултет. Барање работа, добра плата, сметките кои надоаѓаат... сето тоа се проблеми на возрасните луѓе кои и вас ве чекаат во иднина. И ако сега мислите дека имате несреден живот, во иднина нештата ќе бидат уште полуди.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слабиот маж не е способен да сака силна жена Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж. Да се биде ...
Носталгија за едно минато време – се грижевте ли вие за ваков Тревко? Некои го викаа Тревко, а оваа декоративна пченица беше совршен начин за децата о...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Чекаме некој да се најде во амбисот за да му подадеме рака - Каде отиде хуманоста? Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го поба...
Дел од омилените парови меѓу македонските актери – вљубени и приватно и на сцената Љубов и приватно, но и на театарската сцена. Кои македонски актерки биле и сѐ уш...
Пукнува така човек понекогаш... Кога од сите страни доаѓаат само лоши вести Пукнува така човек понекогаш. Кога сè ќе се собере. Кога од сè ти е премногу. Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg