Зошто бараме влакно во јајцето, најмал сомнеж во срцето?

Беше четврток, некаде после три часот, додјов од работа и знам дека уште не се ни пресоблеков пред да почнам да чепкам во кујната. Цел ден размислував за жолтата ракија која ми ја прати дедо ми, која совршено одеше со шопска салата. Почнав да чепкам во фрижидерот барајќи она што ми беше потребно да ја подготвам.

zosto-ja-imame-taa-grozna-navika-koja-ne-tera-da-ne-veruvame-vo-sebesi-001.jpg

На крајот резултатот беше покапена кошула со масло и една сочна салата која беше одлична комбинација со дедовата ракија. Седев на балконот и уживав во мирисот на пролет, некако ми навестуваше топлина, ми навестуваше убави вибрации за разлика од мислите кои беа насадени во мојата глава. Можеби ракијата беше виновна, не можев да разграничам.

Се потсетив на сите ситуации, за сите работи од животот каде што многумина веруваа во моите способности, а единствен кој имаше сомнеж во нив бев токму јас самиот. Додека ракијата полека ја корнеше секоја бактерија во мојот хранопровод, се прашував зошто.

Зошто бевме создадени да бараме влакно во јајцето или можеби само јас бев престрог кон она што го знам и умеам? Дали само јас знаев да се казнувам на тој начин?

Зошто случаен минувач да биде сигурен во она што јас го поседувам, а јас да имам трошка сомнеж, кој ген беше виновен за едно таква особина која беше наследна во поголемиот дел на човештвото. Зошто едноставно не дозволувавме резултатите од претходните обиди да бидат доволна подлога за стабилност во секој нареден?

Како да не знаевме да вдишеме длабоко, да се соочиме со внатрешниот глас, еднаш засекогаш да му дадеме наредба на оној дел кој ги предизвикуваше тие турбуленции во самото тело, „Ти можеш, ти знаеш, ти ќе успееш, нема никаква причина да се губиш во постојано барање на мааните, потпри се на твоите силни страни и победи го секој сомнеж, имаш се она што е потребно”.

Не можев да кажам дека некој беше виновен, многупати пробував, всушност многумина пробуваа многупати, но секогаш пред секој голем чекор, секој голем подвиг, како што автомеханичарот ја бара грешката во моторот неверувајќи во неговата исправност, ние луѓето ја баравме во себе неверувајќи си на сопствените способности. Најчесто грешка не постоеше или бе беше онаму каде што ја баравме.

Се обидував да најдам објаснување на тој чуден феномен, обично бев навикнат луѓето да обвинуваат други луѓе, но ова беше како посебен случај на обвинувањето. Секогаш се преиспитував, секогаш пресметував, калкулирав, замислував и за секое отстапување од мојот неуспех, мојата самодоверба беше разнишана иако немаше простор за разочарување. Колку и успеси да следеа во секој нареден имав сомнеж во она што го можам.

Додека сите го скандираа моето име и ме убедуваа дека ќе успеам, јас вдишував длабоко, знаејќи дека работите не се баш едноставни кога треба да се соочиш сам со себе.

Таа битка најтешко ми паѓаше, да го победам тоа чувство на неверување, да го убедам гласот во главата да ја претвори секоја клетка во негов подржувач за да ја убие таа одвратна навика. Знаев да замижам и да помислам можеш, овојпат верувај, но сепак додека не завршеше сѐ, имав сомнеж кој паѓаше на моите рамена. Од мене упатен кон мене и болеше, но не успеав да најдам начин да се ослободам од тоа константно сомневање...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg