Не беше типичен човек, а ова во ниту еден случај не е типична приказна

Тој не беше типичен и ова не е типична приказна за некого. Не е за љубов, туку е онака. Нешто што ми дојде да го запишам.

ne-beshe-tipicen-covek-a-ova-vo-nitu-eden-slucaj-ne-e-tipicna-prikazna-01.jpg

Ќе рече дека лажам и дека имам чувства кон него, а тоа ќе го речат и сите наоколу, но само јас знам што е вистина, а што е нејзин портрет кој секој момент може да се сруши под сечии нозе.

Не беше типичен затоа што имаше поинаков од - специфичен, горделив, дрзок и шармантен. Затоа што имаше истакнати јаболкници и испиено лице и очи во кои тонеш истата секунда кога ќе ги погледнеш.

А, во тие очи нема да видиш страв, туку само ќе пронајдеш решителност. И мислиш дека тие очи те читаат како да му си омилен роман. Мислиш дека можеш да погледнеш толку длабоко во нив и да ја видиш цела вистина.

Но, тој е изгубен. Исто како што сите помалку или повеќе сме изгубени во овој свет.

И кога оди и кога зборува и кога гледа и кога не гледа... тој не е типичен. Добро развиен, со смисла за хумор и шмек кој само лошите момци го имаат. Ама, тој не беше лошо момче.

Всушност, кога ќе го погледнеш ќе го сметаш за таков. Ќе го сметаш за необразован, прост и уште милион зборови со кои се искажуваат некој одреден вид навреди.

Но, кога ќе му погледнеш во душата, само малку да ѕирнеш во тоа негово „сивило“ ќе најдеш нешто розово. Макар и малку да е, тоа е секогаш тука и светка во неговите тиркизни очи.

Се смета себеси за нешто од она што помалку е. Се смета за лош, не знаејќи дека луѓето околу него го ценат, сакаат и почитуваат.

И да беше сега овде, додека пишувам знам дека ќе дофрлеше нешто. Таков е.

Јас сакам контрирање и спротивставување, а тој е најдобар во тоа. Ако јас речам бело, тој црно. И Боже, мислам дека ме мрази. Толку многу мислам дека ме мрази, што после секоја „караница“ со него, мислам дека сака да ми удри бокс.

И секогаш се навраќам на реченицата „ Имаш добра вилица – совршена за мавање боксови.“

Негова, прва кога се запознавме. И не знам како завршив да се дружам со него. Да створам прекрасни спомени и да разговарам на длабоки филозофски теми против негова волја.

Не ни сакам да знам, можеби...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се отка... „Лесно го изнудив првиот бакнеж и добив многу самодоверба. Си помислив дека сум ...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg