„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“

Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се однесуваме кога користиме јавен тоалет, но со оглед на ситуациите коишто се сè почести, не би било лошо да се запрашаме колку навистина знаеме за бон-тон...

nemame-kultura-ni-vo-market-ni-vo-javen-toalet-01.jpg

Станува збор за ситуација која се случи деновиве, на една од бензиските пумпи на автопатот Битола-Скопје, која до толку ме избезуми и налути, што морав некаде да го истурам бесот, па најпогодни ми беа буквите.

Влегувам после еден господин во тоалетот на бензинската пумпа, и тоа што го затекнав таму беше навистина незамисливо. Не можев да поверувам до каде оди нашата непристојност, некултура и немањето самосвест.

Зарем до толку немаме „ни срам ни перде“ па некој си дозволува да остава одзади себе таков неред? Се прашувам дали и дома истото го прави?

ne-znaeme-kako-da-se-odnesuvame-vo-javen-toalet-se-zasramiv-i-razocarav-od-nasata-nekultura-02.jpg

Сета почит ѝ ја оддавам на чистачката која одма влезе и го исчисти нередот, откако и алармирав. Лицето ѝ се претвори во жар на кутрата кога виде во каква состојба е оставен тоалетот, но што да прави кога ние како народ станавме толку безобѕирни.

Оправдувањето дека тоалетот е јавен, не ни дозволува да се однесуваме како сакаме. Баш поради тоа што е јавен би требало да внимаваме бидејќи и други го користат.

Ова не е нашето бања со терацо плочки ниту, пак, полски тоалет, па да се однесуваме толку неодговорно и бесрамно.

Престанавме да размислуваме за нашите постапки, барајќи оправдување за сè. Не внимавајќи на нашите чекори.

Многу ми е јасно дека на господинот не му е воопшто битно за нередот којшто го остави зад себе во тоалетот, но таа наша незаинтересираност е каменот со кој се удираме самите по глава.

Што би рекла баба ми – „ти го плукаш, а тој мисли врне“. Дотолку ние како младина сме заслепени што од едно уво ни влегува, а од друго ни излегува. И да ни падне носот, не си го креваме.

ne-znaeme-kako-da-se-odnesuvame-vo-javen-toalet-se-zasramiv-i-razocarav-od-nasata-nekultura-03_copy.jpg

Додека пазарев во еден од маркетите во Битола, вниманието ми го одвлекоа две женички кои упорно претураа по полиците на кои беа уредно наредени производите за купување.

Дотолку ги имаа растурено производите, што веќе не се знаеше ни што од каде е, ни која цена на кој производ му припаѓа.

Не ни забележаа дека пола од производите им паднале на земја, туку ноншалантно, како вистински дами, со крената глава ја одминаа продавачката која вчудовидено ги гледаше и заминаа.

ne-znaeme-kako-da-se-odnesuvame-vo-javen-toalet-se-zasramiv-i-razocarav-od-nasata-nekultura-04.jpg

Не рекле попусто дека манирите на еден човек се огледало во кое тој се прикажува себеси.

Па драги мои, не би било лошо да си го подзабришеме сопственото огледало и убаво да се погледнеме себеси со сите наши фалинки и лоши навики поради кои го претворивме нашето општество во кочина.

Многу луѓе се образовани, но немаат манири. Гледам многу луѓе кои се претставуваат како вистински господа пред народот, облечени во најскапите гардероби, покажувајќи на своето достоинство. Но, што ќе ни е тоа, кога не знаеме ни тоалетната хартија да ја фрлиме во корпата за отпадоци.

Манирите не ве чинат ништо, ниту, пак, културата. А внимавањето и доброто однесување можат само да ве збогатат и да ве направат вистински господа.

ne-znaeme-kako-da-se-odnesuvame-vo-javen-toalet-se-zasramiv-i-razocarav-od-nasata-nekultura-05.jpg

На крајот од денот, што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш. Едно кројат глувците, а друго крои мачорот.

Колку и да сакаме да обрнеме внимание на некој суштински работи за добро на сите нас, доколку самите ние не сме свесни за нашите постапки, сето тоа би паднало во вода.

Но, поради тоа што треба да ги предаваме нашите изучени лекции на помладите и да бидеме нивните најдобри учители, мислам дека е време за колективна и општествена самосвест.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg