Ги избришав од животот луѓето кои немаат време за мене

„Направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Целосно исчезнав. Сакав да видам колку 'мртви растенија' залевав сите овие години. Суровата реалност ме шокира. Ми го скрши срцето, но научив нешто за луѓето кои ме опкружуваа цело време“.

gi-izbrishav-od-zhivotot-lugjeto-koi-nemaat-vreme-za-mene-01.jpg

Ги познавате оние неколку грижливи пријатели кои се секогаш тука за вас, без оглед на сè? Јас бев таква. Секогаш го следев правилото дека пријателството, како и цвеќињата, мора да се негува и дека само тогаш ќе цвета.

Во спротивно, врската многу брзо ќе се исуши и ќе умре. Затоа секогаш се трудев да го задржам пријателството. Отсекогаш сакав да бидам покрај луѓето што ги сакам.

За жал, не секогаш добивав соодветен одговор од оние кон кои бев внимателна.

Но, секогаш си велев: „Однесувај се со другите онака како што сакаш да се однесуваат со тебе. Оние кои треба да бидат во твојот живот, сигурно ќе бидат во него. Луѓето што се достојни, сигурно ќе ги привлече твојата светлина“.

Така беше сè додека еден убав ден не сфатив дека им се посветувам на погрешни луѓе.

Конечно ја видов вистината која ми беше пред очи сите овие години. Сфатив дека цело време се залажувам.

Луѓето не секогаш се однесуваат со вас онака како што вие се однесувате кон нив. Некои остануваат со вас само за да ја искористат вашата добрина. Тие се појавуваат само кога им треба нешто од вас.

gi-izbrishav-od-zhivotot-lugjeto-koi-nemaat-vreme-za-mene-02.jpg

Така, направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Целосно исчезнав. Сакав да видам колку „мртви растенија“ залевав сите овие години.

Суровата реалност ме шокира. Ми го скрши срцето, но научив нешто за луѓето кои ме опкружуваа цело време.

Потоа конечно решив да ги земам работите во свои раце и да ги избришам од мојот живот луѓето кои не се грижат за мене.

Морам да признаам дека многу од нив ги сметав за вистински пријатели. После сè, почувствував вистинско олеснување.

Пријателството е двонасочна улица. Не можете да очекувате да добиете нешто ако не дадете ништо за возврат. Тоа е закон на животот.

Ако навистина се грижите за некого, ќе бидете тука за него, без разлика колку сте зафатени. Кога сакате некого, нема оправдување.

Се грижите за саканата личност затоа што тоа го сакате. И нема место на светот каде што повеќе би сакале да бидете отколку покрај пријателот на кој му требате.

gi-izbrishav-od-zhivotot-lugjeto-koi-nemaat-vreme-za-mene-03_copy.jpg

Решив да не се посветувам на луѓето кои не знаат да го ценат тоа. Заслужувам да бидам опкружена со пријатели кои искрено ме сакаат и почитуваат.

Изморена сум да спасувам врски кои, за жал, беа мртви од самиот почеток. Доста ми е од луѓе кои никогаш немаат време за мене.

Изморена сум да се преправам дека сè е во ред кога очигледно не е. Решив повеќе да не дозволувам луѓето да ја злоупотребуваат мојата добрина.

Немам толку време да го трошам на луѓето кои не ме сакаат толку колку што јас ги сакам нив.

Ги бришам од мојот живот оние кои ми предизвикуваат болка, ме запоставуваат и ме напуштаат во тешките моменти, а се појавуваат само кога им треба мојата помош.

Претпочитам да имам еден верен и грижлив пријател кој навистина ме сака, отколку да си го трошам животот на себични лицемери. Квалитетот е поважен од квантитетот - секогаш и во сè.

Извор

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg