Уште не си роден, а ти фаќаат врски за во градинка

Еве го најупотребуваниот збор во македонското секојдневие, зборот кој сите го мразиме, зборот кој се правиме дека го презираме, а всушност без него и неговата суштина не умееме да функционираме: врски.

Uste-ne-si-proodel-a-ti-fakjaat-vrski-za-vo-gradinka-01.jpg

За жал, не мислам на љубовни или романтични врски, туку баш на оние врскаџиски врски, оние кои те пуштаат преку ред, ти прогледуваат низ прсти, ти премижуваат и завршуваш работа.

Имам чувство дека без врски денеска не можеш прво да се родиш. Звучи смешно, ама доколку не ја имаш среќата да затрудниш природно и без многу напори, тогаш започнува твојата голгота.

Врски за да фатиш добар доктор. Врски за да не чекаш преглед. Врски да ги собереш сите документи на број. Врски за да не умреш пред шалтерот од чекање.

Врски за да направиш инсеминација или ин-витро. Врски за да те породи солиден доктор, за да не мора да плаќаш мало богатство во приватна болница.

Го здогледуваш светлото на денот, се раѓаш конечно. На шалтерите за пријавување новороденче владее хаос. Врски за да го пријават твоето постоење на светов.

Уште не си проодел, не ти излегол ниту прв заб, а веќе имаш врски за во градинка, да ти чуваат учителките место. Не е важно што во градинка ќе тргнеш после неколку месеци или години, тебе ти требаат врски сега за да ти обезбедат место.

Врски за во училиште, да ти се падне добра учителка, со цел да не останеш неписмен и вејка на ветрот.

Врски за да ти се поправи таа една четворка која не сакаш да стрчи во низата петки во свидетелството.

Врски за на факултет. И некој професор мора да се збрка од повеќе страни, тој што те бутка 6 пати за испитот што го знаеш подобро од првата строфа на „Брзај, брзај прваче“.

Врски за вработување. Врски за унапредување. Врски за во матично, врски за во ресторанот каде што ќе се венчаш. Врски во болницата каде што сопругата треба да се породи... познато, нели?

Да му се сневиди, тука без врски не може ниту да си умреш раат! Врски за гробно место, за достојно да те закопаат.

Сè е без врска, и ништо без врска.

И сите ние сме толку загноени од тие врски и завршување работи преку ред, што не знаеме како да функционираме поинаку.

Кога се обидуваш нешто да го направиш според правилата и редоследно, те вртат во круг, губиш време и трпение и се чувствуваш како најголемата будала на светот.

Тогаш си го ставаш прстот на чело и си викаш – сите одат преку ред, зарем јас сум најголемиот будала што нема да ја преминува жолтата линија и ќе биде примерен граѓанин?

Јас ли ќе бидам примерот и жртвата на системот?

Го земаш телефонот, полека стискаш на копчињата...

„Ало брат, да не имаш некој у Катастар?...“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg