Поучна приказна - што сакате?

Луксузна јахта застанала во едно мало мексиканско рибарско село.

poucna-prikazna-sto-sakate-001.jpg

Сопственикот на јахтата бил воодушевен од квалитетот на рибата па ги запрашал рибарите колку време им е потребно за да уловат вака добра риба.

Не ни треба долго“ - одговориле рибарите

А, зошто не останете подолго на море за да уловите уште повеќе риби?

Тие му одговориле дека она што ќе го уловат е сосема доволно за нив и нивните семејства.

Па, што правите со толку слободно време?

Спиеме, ловиме малку риба, си играме со своите деца, а попладнето го поминуваме во прошетка со своите сопруги. Навечер излегуваме во селото, се среќаваме со пријателите, пиеме по некоја пијачка и пееме неколку песни. Нашиот живот е исполнет.

Господинот турист им предложил: “Јас дипломирав економија на Харвард и можам да ви помогнам со совет: ловете риба секој ден дупло подолго, продавајте ги и со тие пари купете поголем брод.

И што потоа?

Со поголемиот брод ќе уловите уште повеќе риби и со тие пари ќе можете да купите уште еден брод, па уште еден и така цела флота. Наместо да ја продавате рибата на посредници, можете да преговарате директно со големите производители и сами да станете еден од нив. Потоа можете да се преселите од ова село во главниот град или во Лос Анџелес, па дури и Њујорк. Од таму можете да го водите својот нов голем бизнис!

Колку време би ни било потребно за сето ова?

Дваесет, до дваесет и пет години...“

И после?

Потоа? Е, пријатели сега доаѓа најинтересното. Кога бизнисот ќе ви стане добро разработен, можете да почнете со купопродажба на акции и да заработите милиони!

Милиони? Навистина? А, потоа?

Потоа можете да отидете во пензија, да живеете во мало крајбрежно село, да спиете долго, да одите по риба, да си играте со внуците, да го поминувате попладнето со жената, а ноќите со пријателите.

Секоја чест господине, но ние тоа го правиме и сега. Зошто залудно би потрошиле дваесет и пет години?“ - прашале мексиканците.

Поука: Во животот мора да знаеш каде си се упатил затоа што можеби веќе си таму!

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg