Приказната на Френк Синатра и Ава Гарднер: Брак претежок за да се справат, но љубов до крајот на животот

„Френк и јас станавме љубовници засекогаш, вечно“, изјави Ава за човекот, кој се обиде да се самоубие сечејќи ги вените по разводот со неа.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-001

Некои холивудски романси водат до брак. Таквите заедници може да не траат, но во некои бракови љубовта никогаш не умира. Таков беше случајот со Френк Синатра и Ава Гарднер.

Синатра, веќе познат пејач, првпат ја забележал прекрасната Гарднер на фотографија во магазин. Тој му се доверил на еден свој пријател: „Еден ден ќе ја оженам оваа девојка“. Но, имало една пречка, Френк веќе бил во брак со првата сопруга Ненси Синатра со која имал три деца.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-01

Кога Синатра се нашол во присуство на Гарднер на забава кај еден пријател, бил комплетно обземен од неа. Таа не била импресионирана од него, го сметала за премногу арогантен, надмоќен и вообразен. Во тој период Гарднер била во несреќен брак со Арти Шо, кој го нарекувала агресивен рушител на нејзината самодоверба.

Патиштата на Синатра и Гарднер се вкрстиле повторно на 10 февруари 1949 година, кога Гарднер одејќи накај една забава минала покрај Синатра со својот зелен кадилак. Кога застанала, насмеаниот Френк ја подигнал својата шапка и го привлекол вниманието на Гарднер. Таа подоцна изјавила:

„Тој беше толку привлечен со слабото, момчешко лице, светлите сини очи и неверојатната насмевка. И имаше толку ентузијастичен и свеж изглед, очигледно задоволен од животот во целина“.

Брзо потоа, Френк ја поканил на состанок и таа не размислила двапати. Имале долга пијана ноќ возејќи се низ Палм Спрингс пукајќи во уличните светилки и излозите од продавниците со пиштоли додека минувале.

Првиот состанок го поставил темпото на нивната врска, врска со интензивна страст, кавги и алкохол. Синатра бил сигурен дека тоа е љубов и не чекал долго за да и најави на Ненси дека ја напушта неа и семејството поради друга жена. Документите за развод биле брзо потпишани и во 1951 биеле црковните ѕвона за Гарднер и Синатра.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-08

Бракот бил внимателно следен од американскиот прес и новинарите не се воздржувале да удрат со критицизам и целата романса да ја наречат „скандалозно неверство“ Во тоа време Френк имал 35, а Ава 28 години.

Очигледно биле луди еден за друг, но биле неспособни да пронајдат мир заедно. Нивната огнена врска била полна со луда љубомора, без разлика дали станува збор за некоја ко-ѕвезда или восхитен фан. Двајцата имале див темперамент, кој не можеле да го контролираат, дури и во јавност.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-02

Згора на сė, двајцата сакале да бидат ѕвезди во центарот на вниманието, сакале алкохол и возбуда. И двајцата биле виновни за неверства. Конфликтите кулминирале и бракот експлодирал во 1953, кога парот се развел. Синатра го обвинил актерот Питер Лофорд и бил неутешен. На 18-ти ноември истата година тој е најден во лифт со пресечни вени. Минал два дена во болница, тврдејќи дека имал незгода со скршено стакло.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-03

Тие успеале да го стабилизираат односот по разводот, но Синатра никогаш не ја преболел Ава, а неговата ќерка Тина Синатра во една пригода изјавила:

„Татко ми и Ава преминаа од турбулентна романса на вистинско пријателство и никој не ја замени неа“.

Гарднер продолжила со својот живот, имала нови врски, но никогаш не се омажила повторно велејќи:

„Френк и јас станавме љубовници засекогаш, вечно. Големи зборови, знам, но навистина се чувствувам така и, без разлика што се случи, ние секогаш ќе бидеме во љубов“.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-04

Синатра потоа се оженил со Миа Фароу, па се развел по две години, и во 1976 се венчал со неговата четврта жена Барбара.

Но за роденденот на Гарднер секоја година, Синатра и испраќал екстравагантен букет цвеќе. Гарднер го ставала во ваза во нејзината спална соба и го чувала таму, долго време откако ќе се исушел.

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-05

prikaznata-na-frenk-sinatra-i-ava-gardner brak-pretezok-za-da-se-spravat-no -ljubov- do-krajot-na-zivotot-06

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава