Сократовата мудрост за моќта на желбата

Еден млад човек еднаш отишол да го праша Сократ од каде му доаѓа големата мудрост и знаење. „Следи ме”, му рекол Сократ и го однел младото момче до морето.

sokratovata mudrost za mokta na zelbata

Момчето се движело по стапките на Сократ низ водата, најпрвин на длабочина до зглобовите, па до колената, до половината и на крај до рамениците.

Одеднаш, Сократ го грабнал момчето и го турнал под вода. Момчето очајно пробувало да се ослободи и баш пред да се онесвести, Сократ го извадил од водата.

Бесно, момчето го прашало: „Што правиш? Зарем сакаш да ме убиеш?”

Мирно, Сократ му одговорил: „Воопшто. Ако сакав да те убијам, немаше да те извадам од водата.”

„Тогаш зошто ми го направи ова?”, прашало момчето.

„Кога ќе посакуваш мудрост толку многу колку што сега сакаше воздух, тогаш ќе ја имаш”, му одговорил Сократ гледајќи го момчето во очи. Тогаш се свртел кон брегот и си заминал.

Желбата, огромната желба што надминува сé друго, е најважната работа за успех, не надежта.

Ако сакате нешто доволно многу, вие самите ќе успеете да го остварите. Ако не сакате нешто доволно многу, ни најдобрите стратегии за успех нема да ви помогнат.

Многу луѓе бараат лесни стратегии за тоа како за брзо време да постигнат успех, и на овој начин избрзуваат без да знаат навистина со што имаат желба да се занимаваат во животот.

Правилната стратегија за успех ќе ја знаете тогаш кога ќе ви биде навистина јасно што сакате да правите во животот.

Како да дознаете што сакате да правите во животот?

Многу луѓе чекаат да им дојде некој „Еурека“ момент. Чекаат некој да дојде, да ги потресе и да им даде пат во животот. На тој начин се фокусираат на стратегија за успех, наместо на визија и вредности кои им се важни на нив самите.

Ако чекате некој да дојде и да ве разбуди за да добиете мотивација, страст или желба за успех во животот, ќе чекате долго време. Наместо да чекате, единствената шанса ви е активно да почнете самите да правите нешто.

Кога последен пат навистина пробавте да успеете во нешто?

Ако сте како повеќете луѓе, тогаш веројатно работите ги правите половично. Половично сте внесени со желба и половично сте внесени со труд во она што го правите.

Залудно чекате да се појави идеална шанса - таа можеби и никогаш нема да се појави. Многу луѓе губат време пробувајќи да се совршени во нешто, пред да почнат да го прават. Наместо да чекате да станете совршени, почнете со малку, со тоа што веќе го знаете и поправајте се и учете со време.

Многу време се веруваше дека нашиот ум влијае врз физичката состојба на телото, а не обратно. Сега, новите истражувања покажуваат дека нашето тело, физичката активност, па дури и нашиот став директно влијаат врз нашиот ум и нашите емоции. Пробајте ова да го искористите во ваш прилог.

Ако сакате повеќе мотивација, направете нешто околу тоа. Правете нешто со многу желба, со цело срце, и тоа не наредното нешто што ќе дојде, туку нештото што го имате веќе на ум.

Постои една кинеска поговорка која вели: „Најдоброто време да посадиш дрво беше пред 20 години, следното најдобро време е денес.”

Каде би биле денес ако почневте пред една година?

Каде би биле денес ако почневте пред еден месец?

Каде би биле денес ако почневте пред една недела?

Вистината е дека мора да се соочите со овие прашања ако сакате вашата иднина да биде подобра од вашето минато.

Вашата сегашна состојба во животот, не е ничија вина, таа е само рефлексија на вашите минати желби, планови и избори. Ако сакате подобра иднина, мора да направите моќни промени веднаш.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg