Не, не се сите луѓе убави и тоа е сосема во ред!

Некои луѓе се талентирани или забавни или паметни или добри и тоа е сосема во ред. Зошто убавината да биде на пиедесталот?

ne ne se site lugje ubavi i toa e sosema vo red

Во рекламните кампањи постојано наидуваме на слогани од типот „Сите луѓе се убави“, „Ти си убав/а“, „Полничките мажи/жени се исто така убави“... Фино звучи, зарем не? Само што не е така фино, туку е проблем.

Да, луѓето во различни форми, големини и бои може да бидат убави и треба да ја праќаме таа порака. Исто така, вистина е дека повеќето луѓе на некој начин носат некоја убавина. Но, кога говориме за универзален квалитет кој сите луѓе го имаат, дали тоа треба да биде убавината?

Реално, не. Не се сите убави. Да се биде убав е реткост. Тоа е како да се биде многу интелигентен или талентиран, па причината зошто ова е интересна карактеристика на луѓето е затоа што се однесува на мал број на луѓе. Убавината не е комплициран концепт. Се подразбира да изгледате како добар партнер за создавање потомство и да имате симетрични линии на лицето.

Не секој ги има овие карактеристики. Можеби не звучи добро, но објективно гледано, не е секој убав. Некои луѓе се талентирани или забавни или паметни или добри и тоа е сосема во ред.

Сосема е во ред дека не е секој човек убав. Секој човек си има сопствени карактеристики, некои од нив воодушевувачки, некои не. Многу од нас му се убави некому, но немаме сите лице што би нѐ лансирало до ѕвездите.

Па зошто тогаш рекламите инсистираат да нѐ убедат во нешто друго? Затоа што сакаат да ни ласкаат за да ги купиме нивните производи. Но, погрешно е карактеристиката „убавина“ да биде на пиедесталот. Зошто тоа не се карактеристиките „вреден“, „забавен“, „емпатичен“?

Во секојдневниот живот, кога некој ви вели дека сте убави, не мисли само на физичкиот изглед, туку дека сте вредни за слушање, дека сте важни, дека значите и тие две работи не смеат да бидат синоними. Има многу поважни работи во животот од тоа да се биде убав. Фин, паметен, организиран, успешен, здрав, способен се само дел од нив.

Знаеме дека целта на брендовите е луѓето со брчки, со акни, слаби, полнички, без разлика како изгледаат да се чувствуваат вклучено и да ги купуваат нивните производи. Но вистината е дека не мора да бидете убави за да ви бидат дозволени одредени работи во животот. Некои луѓе се убави, некои не се, но тоа не смее да продолжи да ја диктира вредноста на личноста.

Па затоа компании, ве молиме започнете во рекламите да ни порачувате дека сме значајни и важни, наместо убави!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg