Синдромот кој ќе нè уништи - Повеќе те мразам тебе, отколку што се сакам себе

Колешката се унапредила – којзнае со колкумина спиела за да го добие тоа унапредување. Пријателите купиле плац – е од каде им бе пари за градење куќа на овие што немаат вода во очите?

sindromot-koj-ke-ne-unisti-poveke-te-mrazam-tebe-otkolku-sto-se-sakam-sebe-001.jpg

Некој добил награда на некаков конкурс – наместено е. Таа и таа ослабела 15 kg за само 3 месеци – болна е. Или алкохоличарка.

Девојка која внимава на својот изглед и се дотерува – има швалер. Мажот кој внимава на својот изглед и редовно вежба – има швалерки.

Семејство си купува автомобил – е голема работа, на старо е, за таков и јас можам.

Дечко и девојка патуваат за празнициве–овие па арно не се преселија во авионот. Некој си купил кученце – Абе што ти е, прави дете на овие години, алооо.

Стигнува покана за свадба – шуќур, ѝ текна да се омажи на оваа, последниот воз го фати. Некој се разведува – ех, море, знаев, ЗНАЕВ дека ќе се разведе оваа растурикуќа!

Имаме одговор за сè! И вообичаено е навреда, клетва, лоша мисла. Не гледаме во својот двор и колку ни е лошо по дома. Важно на комшијата да му биде полошо, тоа ќе ни даде одредена доза мир, среќа и задоволство.

Демек, лошо ми е, ама има и бетер. Како наоѓаме утеха во овие зборови?

Каква е радоста за нечија несреќа и тага? Зарем нема горчлив вкус, зарем не се задушувате од неа? Зарем ви дава мирно да спиете навечер, зарем ве буди со насмевка наутро?

Тоа е синдромот со кој сме задоени – повеќе те мразам тебе, отколку што се сакам себе. Ако треба да поработам на мојата среќа или да ти посакувам тебе несреќа, радо ќе го посветам своето време на второто.

За ништо не сме се здружиле сложно освен за пакости. За кодошење, за озборување, за труење кучиња, за сè што е гнило.

Се прашувате зошто сме толку несреќни, како тој црн облак кој надвиснал над нас никако да се помести подалеку и малку да нè огрее и нас сонце?

Не чудете се. Во мислите сме црни, во душата уште повеќе. Заборавивме како искрено да се радуваме на туѓата среќа. Знаете, она чувство кога срцето ќе ви препукне за некој близок од чиста, непоматена среќа.

Кога се гордеете со нечиј туѓ успех. Кога со солзи во очите прославувате нечиј важен момент. Кога му ги позајмувате последните пари од џебот на пријателот во неволја.

Кога ја делите својата кифла со кучето скитник, кога топло му се насмевнувате на некој што ве одминува и тој ви возвраќа со иста таква насмевка.

Кога не ве храни туѓата несреќа. Ќе еволуираме ли конечно или ќе дозволиме цел живот да нè врне?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg