Како ја зафркнал невестата?

Ова е вистинска приказна за грчка венчавка која се одржала во градот Асторија, Њујорк. За настанот пишувале и локалните списанија, а и Џеј Лено го спомена во своето шоу.

kako-ja-zafrknal-nevestata-001.jpg

Иако постара, вреди да се сподели и прочита.

Станува збор за голема венчавка со 600 гости. На приемот, по самиот чин на венчавање, младоженецот се качил на бината и на микрофон се обратил на гостите.

Тој им се заблагодарил на сите кои дошле (а многу допатувале дури и од Грција), и на пружената поддршка на почетокот од нивниот заеднички живот.

Посебно сакал да се заблагодари на семејството на неговата сопруга, и на шурата кој им овозможил таков величествен прием. Во знак на благодарност кон сите, тој подготвил подароци за секој од нив.

Од долната страна на столчето на сите гости, вклучувајќи ги и младенците, имало залепен коверт. Тој им кажал дека тоа е подарок од нив и ги поканил да го отворат.

Во секој луксузен коверт (изработен од дебела хартија окер боја) имало фотографија од неговата нововенчана сопруга како се секса со кумот.

Младоженецот почнал да се сомнева во нив уште неколку недели порано и изнајмил приватен детектив да ги следи.

После некое време тишина и откако ја набљудувал реакцијата на присутните, се обратил кон запрепастената маса луѓе:

Јас си одам, а вие продолжете да славите со оваа о*оспија“. Утредента поднел барање за развод.

Повеќето луѓе би се откажале од венчавката во истиот момент кога би дознале дека партнерот ги изневерил, но овој фраер ја продолжил парадата како се’ да е во најдобар ред.

Неговата одмазда:

Родителите на невестата платиле $92.000 долари за венчавката и прием на 600 гости, а најдобро од се' е што ја посрамил и невестата и кумот пред 600 пријатели и членови на семејството. Баш имал срце, зар не?! Ама...кој како си ја наредил!

Надополнето: Неколку читатели не' корегираа дека станува збор за урбана легенда која кружи во неколку верзии на интернет, а не е вистинска приказна (и благодариме на Дијана).

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg